Следете не

Свет

Трамп го затвори својот блог за рекламирање

Објавено пред

на

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп затвори блог на кој се рекламира откако во јануари му беше забрането да има профили на социјалните мрежи, пренесува Гласот на Америка.

Блогот од бирото на Доналд Трамп повеќе не постои и нема да се врати, потврди за телевизијата CNBC советникот на Трамп Jејсон Милер.

„Тој едноставно беше секундарен во однос на другите работи на кои работевме“, рече Милер.

Трамп порано имаше милиони следбеници на социјалните мрежи. Тој имаше неколку објави на ден, ги критикуваше демократите и републиканците кои му се спротивставуваа и ги коментираше дневните настани.

Во јануари, по упадот на неговите приврзаници во Конгресот, Твитер му забрани да има профил засекогаш, а потоа и Фејсбук на некое време.

Трамп и неговите сојузници веќе долго време ги обвинуваат социјалните мрежи за забрана на гласот на конзервативците, а Фејсбук го нарече поранешниот претседател „национална срамота“ кога одборот одлучи да ја продолжи забраната за рекламирање на таа социјална мрежа.

Свет

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Објавено пред

на

ФОТО: Shashank Rana @ Unsplash.com

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.

Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.

Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.

На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.

Извор: kosmickiglasnik.rs

Прочитај повеќе...

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија6 часа

УЈП со важно соопштение за авто-такси превозниците

Управата за јавни приходи истакна важно соопштение, кое гласи:

Македонија7 часа

Страшен билансот на македонските патишта, за два дена 1293 сообраќајни прекршоци, 305 за брзо возење

Во текот на првите два работни дена од оваа недела (21 и 22 јули 2025г.) во рамки на засилените сообраќајни...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за среда (23 јули)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Кичево1 ден

(ФОТО+ВИДЕО) Изгасен голем пожар во близина на с.Белица, ТППЕ и граѓаните спречија поголема катастрофа!

Предмалку штотуку беше ставен во контрола разбеснат пожар кој избувна во близина на с.Белица кичевско. По пријавата на граѓани, ТППЕ...

Lifestyle1 ден

10 грешки што го расипуваат вашиот домашен сладолед – и како да ги избегнете

Правењето домашен сладолед дома може да биде задоволство, но често резултатот не е како што очекувате. Најчестите проблеми настануваат поради...

Магазин1 ден

ChatGPT достигнува 2,5 милијарди дневни барања

Наглиот пораст на корисници претставува сериозна конкуренција за Google ChatGPT секој ден прима над 2,5 милијарди барања, од кои 330...

Магазин1 ден

Google откри како ќе изгледа Pixel 10 – нова камера и редизајн? (ВИДЕО)

Официјалното претставување е закажано за 20 август Google повторно ја следи својата традиција – со рано откривање на изгледот на...

Магазин1 ден

Дали Nokia се враќа на пазарот на паметни телефони?

• Легендарниот бренд Nokia нема целосно да се повлече од светот на мобилните телефони и сè уште има амбиции да...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (22 јули)

ОВЕН Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате на личност што ви се допаѓа долго време....

Кичево2 дена

На магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на с.Трапчин Дол се случила сообраќајна незгода, сообраќајот се одвива наизменично

Предмалку во близина на с.Трапчин Дол кичевско се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички моторни возила. Од она...

НАЈЧИТАНИ