Здравје и убавина
Треба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
Комбинацијата на редовна физичка активност и балансирана исхрана е најсигурниот пат до намалување на телесната тежина и подобрување на изгледот на телото. Кога ќе воспоставите рутина која ги обединува овие две навики, можете да додадете и неколку едноставни, но ефективни стратегии што ќе ви помогнат побрзо да ја постигнете посакуваната форма и тежина.
1) Јадете само на маса
Доколку имате навика да јадете додека работите на компјутер, гледате телевизија, користите телефон или читате, време е да ја промените таа навика. Истражувања спроведени во Велика Британија покажуваат дека луѓето кои јадат „расеано“ внесуваат повеќе калории не само во текот на оброкот, туку и во остатокот од денот.
Затоа, трудете се појадокот, ручекот и вечерата секогаш да ги јадете на маса, без други активности околу вас. Фокусот на храната му овозможува на телото подобро да ја регистрира количината што ја внесувате, што пак создава подолготрајно чувство на ситост.
2) Користете помала чинија
Намалувањето на големината на чинијата може да доведе до природно намалување на количината на храна што ја консумирате дури и до 30%. Серверирајте ги оброците во помали садови и ќе го „измамите“ мозокот да се чувствува заситен со помал внес.
3) Спијте доволно
Недостигот на сон директно влијае на апетитот и изборот на храна. Кога сме уморни, организмот бара брза енергија обично во форма на шеќери и рафинирани јаглехидрати. Со доволно сон, полесно ќе ги контролирате желбите за нездрава храна и ќе го одржите метаболизмот во рамнотежа.
4) Осигурете си темна спална соба
Светлината во спалната соба може негативно да влијае на квалитетот на сонот, а со тоа и на процесот на слабеење. Според истражување објавено во American Journal of Epidemiology во 2014 година, жените кои спиеле во потемни простории имале 21% помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина.
Причината лежи во фактот што светлината го попречува лачењето на мелатонинот хормонот што го регулира сонот. Решението е едноставно: инвестирајте во завеси што целосно ја затемнуваат просторијата или користете маска за очи при спиење.
Заклучок:
Малите, но доследни промени во навиките можат да направат голема разлика. Вежбајте редовно, хранете се свесно, спијте доволно и создајте средина што го поддржува вашиот здрав животен стил.
Здравје и убавина
Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често влијаат, но има решение што може да ви помогне да се ослободите од овие тегоби. Австралискиот нутриционист Роберт Вилсон советува како да се справите со тоа.
Таа објаснува дека е многу важно да се консумира овошје кое е корисно за цревата.
– „Крушите се одличен избор, бидејќи нивните влакна и природни шеќери, како што се сорбитолот и фруктозата, помагаат за одржување на добрата работа на дигестивниот систем и спречуваат запек“, изјавува Вилсон.
Патувањето со авион често доведува до стомачни проблеми, што е последица од наглите промени во воздухот, што особено го погодува дигестивниот систем.
– „Но, ова не се однесува само на проблемите со столицата. Здравиот дигестивен систем и цревата се клучни за добро чувство и повисоки нивоа на енергија. Тие помагаат на организмот да ги апсорбира хранливите материи и да изгради силен имунитет“, додава тoj.
Крушите се еден од најбогатите извори на влакна, па ако редовно ги јадете додека сте на одмор, вашите црева ќе ви бидат благодарни.
/taratur
Здравје и убавина
Како полесно да ја издржите диетата за слабеење
Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.
Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.
Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.
Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.
Извор: taratur
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (11 декември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Македонија2 денаОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Временска прогноза1 денСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Lifestyle2 денаЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Технологија2 дена„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Автомобили2 денаГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Македонија1 денПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
