Магазин
Три децении PlayStation: Од скептицизам до глобален успех
На 3 декември 1994 година, светот го виде лансирањето на PlayStation, конзолата која го револуционираше пазарот за видео игри. Иако денес PlayStation е еден од најпрепознатливите брендови во индустријата, нејзиниот пат до успехот беше полн со предизвици.
Создаден под водство на Кен Кутараги, PlayStation се соочи со значителен отпор во своите почетоци. Дури и самиот Sony, гигант во производството на електроника, беше скептичен за успехот на конзолата. „Сите ни рекоа дека ќе пропаднеме,“ изјави Кутараги, присетувајќи се на времето кога неговата визија за 3D графика и напредни игри беше сметана за невозможно амбициозна.
Во 1990-тите, доминацијата на Nintendo и дво-димензионалните игри, како „Super Mario“, беа стандард. Во таа средина, PlayStation донесе сосема ново искуство со тродимензионална графика и иконични наслови како „Tomb Raider“ и „Metal Gear Solid“. Ова не само што ги привлече ентузијастите на видео игри, туку и ја смени перцепцијата за тоа што конзолите можат да понудат.
Интересно е што PlayStation на почетокот беше заеднички проект со Nintendo, кој требаше да создаде CD-читач за Super Nintendo. Но, партнерството се распадна откако Nintendo неочекувано го напушти договорот во корист на Philips. Ова „предавство“ го натера Sony да ја продолжи работата самостојно, што се покажа како клучна пресвртница.
Визија за иднината
Под раководство на Кутараги, PlayStation не само што стана хит, туку го дефинираше концептот на модерната конзола. PlayStation 2 се продаде во над 160 милиони примероци, поставувајќи рекорд кој трае и денес.
И покрај тоа што Кутараги го напушти Sony во 2007 година, неговото влијание врз индустријата останува огромно. Денес тој се занимава со роботика и вештачка интелигенција, предвидувајќи дека иднината на технологијата лежи во пресметливоста на времето и просторот.
„Она што некогаш беше научна фантастика, денес станува реалност,“ вели Кутараги. Неговите зборови се потсетник за тоа како иновациите, без оглед на почетниот отпор, имаат моќ да ја преобликуваат иднината.
PlayStation денес, во својата петта генерација, продолжува да инспирира милиони низ светот, потврдувајќи дека упорноста и визијата можат да ги надминат сите пречки.
Извор: Agencii
Хороскоп
Хороскоп за недела (26 јануари)
ОВЕН
Што и да започнете, ќе се заврши во хаос. За вас е најпаметно да ги избегнете сите ситуации во кои би го имале главниот збор. Ако при завршувањето на некоја работа користите автомобил, не одете никаде пред да посетите авто-механичар.
БИК
Можни се проблеми во љубовните односи. Во минатото сте славеле мала победа со која на партнерот сте му дале до знаење каде му е местото. Денес тоа ви доаѓа на наплата, а вашиот авторитет ќе биде разнишан доколку вашето его не го исконтролирате навреме.
БЛИЗНАЦИ
Посакувате конкретни нешта. Се околу вас е досадно и не знаете за што да се фатите и тоа да го прогласете за денешна ѕвезда водилка. Работата ви е здосадена а ни во домот не се баш најдобри односите. Не попуштајте, меланхолијата е минлива како и овој ден.
РАК
Ви годи близината на личностите кои ве инспирираат на посебен начин. Вистинско време е да повлечете конкретни потези и необавезното познанство да го преточите во нешто подлабоко. Ако своите идеи ги спроведете во дела, можеби тоа ќе значи почеток на една убава љубовна врска.
ЛАВ
Во љубовните односи сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде причина за непријатни расправии. Доколку не се заозбилите и не прифатите критики, обична расправа може да прерасне во сериозен конфликт после кој следи разделба.
ДЕВИЦА
Може да ви се случи од вас да протече информација која некој ќе ја злоупотреби. Не ви е лесно да се исконтролирате, но моментално е најдобро да молчите. Внимавајте, дури и во опкружување кое нема никаква врска со вашиот професионален живот.
ВАГА
Премногу сте навредливи. Лутината ви штети на вашиот имиџ затоа што малку луѓе разбираат дека позади тоа криете ранливост. Денот е таков што е подобро да се завртите кон семејството и партнерот. Малку разонода и дружење со личностите кои ве сакаат на вашата душа ќе и направи чуда.
ШКОРПИЈА
Оптеретени сте со работа. Иако атмосферата е напната, вашата нетрпеливост може додатно да ја отежне положбата, не само на вам и опкружувањето. За да избегнете непријатности, морате да одолеете на бројни искушенија и провокации. Не влегувајте во излишни дискусии.
СТРЕЛЕЦ
Бегате од реалноста така што се препуштате на царството на фантазијата и соништата. Погрешно ја толкувате љубезноста на една личност која со својата благонаклонетост ви испраќа сигнал дека ве почитува а вие верувате дека по изгледот кокетира и најавува љубовна авантура.
ЈАРЕЦ
Ве опкружуваат луѓе кои упорно ви зборуваат што и како треба да правите. Иако не сте барале туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да го прифаќате нивниот модел на однесување. Не личи на вам да мислите со туѓа глава, на време дистанцирајте се.
ВОДОЛИЈА
Не сте сигурни во своите потенцијали. Размислувате како да ја подобрите ефикасноста и со некоја иновација ја поправате својата финансиска ситуација. Искористете ја приликата да ги соберете околу себе пријателите кои можат да ви помогнат во се па и во работата.
РИБИ
Без оглед на се што сте планирале, бидете спремни да одложите голем дел активности. Сте ги прецениле своите можности го сакате тоа или не, ќе бидете принудени дел од одгворностите да ги препуштите на блиските соработници. Искористете го ова за краток одмор.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (25 јануари)
ОВЕН
Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо. Некои нешта не се онакви какви што изгледаат. Не можете да си дозволите да превземете ризик околу некоја ситуација. Можностите кои доаѓаат кај вас треба да бидат детално разгледани.
БИК
Вашите емоции денес ќе делуваат напнати и премногу изразени, тоа може да предизвика себичен впечаток кај другите. Но себичноста не секогаш мора да се карактеризира како нешто лошо. Понекогаш е здраво да направите нешто за себеси. Требада се грижите повеќе за себе.
БЛИЗНАЦИ
Вашите романтични ѕвезди денес изгледаат многу моќно. Месечината и Венера, двете најмноќни планети се подредени така што ги поместуваат вашите чувства и го запалуваат вашето срцео. Се што ви е потребно е да се појави вистинската личност.
РАК
Гледате на нештата црно бело, ќе морате да направите избор помеѓу повеќе опции. Обидете се да бидете повеќе флексибилни, разочарувањето и успехот ќе ве направат потолерантни кон другите, можеби со добра причина.
ЛАВ
Се отпуштате од некои нешта од минатото, особено во домот. Денес се изразени вашите врски со децата, на психолошки план, а тоа ве прави да делувате помладо. Се разбира тоа значи дека ќе уживате повеќе од вообичаено.
ДЕВИЦА
Партнер или колега е подготвен да направи договор што ќе ви донесе многу добри нешта, особено во домот. Ако можете да го забрзате вашето темпо, тогаш тоа ќе ви биде од корист. Вашата цел е да ја дознаете вистината а не да покажете дека сте биле во право.
ВАГА
Денес вашите лични избори и одлуки ќе бидат направени во духот на оптимизмот. Тоа е добро се додека сфатите дека некои услови се промениле во текот на времето, па ќе морате да се прилагодите.
ШКОРПИЈА
Можно е да сте биле излажани или сте биле водени на погрешен пат. Вашите планови сега треба да се прилагодат на конкретната ситуација. Ќе морате да работите надвор од вашите можности, нема друга опција.
СТРЕЛЕЦ
Следните неколку дена ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од длабок сон. Ќе почнете да сфаќате дека некои ситуации кои ви делуваат збунувачки се всушност многу појасни. Ќе му дадете поддршка на некој помлад член од вашето семејство.
ЈАРЕЦ
Понекогаш притисокот да направите избор и да одлучите што е исправно е премногу голем. Можете да чувствувате како да се повлекувате настрана. Во минатото сте биле под притисок од многу луѓе, после се сега ќе мора да се изберете себеси.
ВОДОЛИЈА
Ќе ви биде потребен комфорт и стабилност, но во последно време тие некако ви се испуштаат од рака. Не грижете се, на крај се ќе биде добро. Ако вложите малку повеќе труд сега, ќе добиете многу повеќе во иднина.
РИБИ
Вашите емоционални длабочини се бранувани од последните борби кои сте биле принудени да ги водите. Ќе почнете да гледате кон иднината со повеќе јасност. Пристигнуваат добри вести. Никогаш не се сомневајте дека ќе ја имате љубовта од една специјална личност.
Социјални мрежи
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари
Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија, препродавачите на eBay се обидуваат да ја искористат ситуацијата нудејќи им на iPhone уреди со инсталирана апликација по огромни цени. Ова доаѓа откако TikTok беше привремено забранет во САД, пред претседателот Доналд Трамп да потпише извршна наредба за заштита на апликацијата во следните 75 дена.
Apple зазеде цврст став дека нема да го врати TikTok во App Store додека апликацијата не ја купи американска компанија, а Google го стори истото со својата Play Store. Оваа одлука на двата технолошки гиганти дополнително ја искомплицира ситуацијата околу популарната апликација за споделување кратко видео.
Во меѓувреме, на eBay се појави нов тренд. Најскап меѓу рекламите е iPhone 15 Pro Max со 256 GB меморија, за кој бараат неверојатни 75.000 долари, додека повеќето други реклами ја задржуваат цената околу 50.000 долари.
Еден од продавачите, кој има 100% позитивни критики на eBay, во огласот наведува дека телефонот е во сосема нова состојба и цело време бил заштитен со квалитетна футрола. Сепак, она што привлекува внимание не е состојбата на телефонот, туку фактот што ја работи апликацијата TikTok.
Дури и ако некој реши да издвои огромна сума пари за ваков телефон, самата апликација најверојатно ќе биде неупотреблива поради забрана на системот. Во моментов нема информации дека телефони се продадени по овие цени, а се очекува продавачите наскоро да ги тргнат своите огласи, пренесува telegraf.rs
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (25 јануари)
-
Кичево4 часа
(ВИДЕО) Жителите на кичевската населба Иванидол бараат дислокација на Асфалтната база која е речиси до куќите
-
Кичево14 часа
„Саншајн Кидс“ – Кичево со серија бесплатни работилници за еманципација и едукација во рамките на проектот #BeHerVoice.
-
Македонија2 дена
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
-
Македонија21 час
Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!
-
Социјални мрежи1 ден
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (26 јануари)
-
Временска прогноза17 часа
Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините