Магазин
Турција го блокираше Instagram
Мета се уште јавно не ја објави блокадата
Instagram е блокиран во Турција поради спор околу содржината на платформата поврзана со Хамас. Апликацијата е недостапна во земјата од петокот наутро. Netblocks, организација која ги следи прекините на интернет и социјалните мрежи, потврди дека Instagram е ограничен во земјата.
Турските регулатори не прецизираа зошто е наметната блокадата, но според извештаите, се чини дека казнувањето на Instagram е поврзано со неговото ракување со објавите поврзани со Хамас. Шефот за комуникации на Турција, Фахретин Алтун, во објава на Х рече дека Instagram„активно ги спречува луѓето да објавуваат пораки со сочувство“ за Исмаил Ханије, лидерот на Хамас кој беше убиен претходно оваа недела.
Не е првпат турските власти да блокираат голема социјална мрежа. Twitter беше накратко блокиран во земјата минатата година, откако во разорниот земјотрес загинаа илјадници луѓе. YouTube и Twitter беа блокирани и во 2014 година.
Извор: Engadget
Социјални мрежи
Во оваа држава властите го ограничија пристапот до една од најпопуларните мобилни апликации во светот
Руските власти го ограничија пристапот на граѓаните до Вибер. Како причина за тоа го наведоа „спречувањето на дистрибуција на забранети содржини и можноста за злоупотреба за терористички цели“. Според Роскомнадзор, употребата на Вибер во Русија е ограничена „поради прекршување на барањата на руското законодавство за организаторите на ширење информации“.
– Руската федерална извршна агенција одговорна за следење, контрола и цензурирање на медиумите појасни дека станува збор за спречување закани со користење на апликацијата за терористички и екстремистички цели, регрутирање граѓани, продажба на дрога, како и во врска со објавување нелегални информации, објави РИА Новости.
Антон Немкин, член на Комитетот за информатичка политика на Државната дума, рече дека висината на казните за гласникот Вибер во Русија во изминатите две години надминала 1,8 милиони рубљи (околу 16.500 евра) и дека овие казни сè уште не се платен.
Според аналитичката агенција Телеком Дејли, бројот на дневни корисници на Вибер во Русија е околу 1,7 милиони луѓе.
За споредба, WhatsApp има 8,1 милиони, а Telegram – 6,4 милиони.
Извор: vesti-online.com
Мобилни уреди
„Apple“ ќе престане да ја продава третата генерација на „iPhone SE“, како и моделите „iPhone 14“ и „iPhone 14 Plus“ во Европа на крајот на годината
Apple ќе престане да ја продава третата генерација на iPhone SE, како и моделите iPhone 14 и iPhone 14 Plus во Европа на крајот на годината, бидејќи стапува на сила новата регулатива на Европската унија која бара употреба на универзален USB-C конектор за полнење.
Овие модели, кои користат Lightning конектор, го прекршуваат правилото на ЕУ кое стапува на сила во јануари 2025 година. Наместо Apple да прави верзии на овие уреди со USB-C порти, компанијата одлучи едноставно да ги повлече од продажба порано отколку што вообичаено би правело.
Сепак, ова повлекување не претставува голема загуба, бидејќи во пролетта 2025 година, Apple ќе ја претстави четвртата генерација на iPhone SE, кој ќе доаѓа со USB-C приклучок. Новиот SE се очекува да има дизајн сличен на моделите на iPhone 14, со дисплеј од раб до раб, подобрена камера и USB-C полнење.
Според вообичаениот распоред на компанијата, моделите iPhone 14 и 14 Plus би се продавале во ЕУ до лансирањето на iPhone 17 следната есен, по што би биле повлечени од понудата. Apple на тој начин губи околу една година од продажбата на овие модели во Европа.
Надвор од ЕУ, овие модели ќе останат во продажба до крајот на 2025 година. Тогаш и официјално ќе заврши ерата на Lightning конекторот на Apple уредите, пишува 9to5Mac, пренесува benchmark.rs
Хороскоп
Хороскоп за сабота (14 декември)
ОВЕН
Денес е одличен ден за дружба со вашите најсакани но не баш поволен ден за донесување важни одлуки. Ограничете ги вашите трошоци, одложете го шопингот на важни нешта за утре.
БИК
Обидете се да не влегувате во конфликт со вашите колеги или некој ваш надреден на работното место. Понекогаш е поважно да се остане смирен од тоа да бидете секогаш во право, избирајте ги вашите борби внимателно денес. Ќе ви биде драго кога на крајот се ќе испадне онака како што сте посакувале.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе сакате да се социјализирате и да се забавувате, ќе немате многу концентрација за работното место или за сериозни нешта. Вашите обврски денес ќе ги ставите на пауза, но утре веќе ќе морате да се вратите назад во колосек. Немојте да дозволите да претрпите штета на вашето работно место само поради тривијални задоволства.
РАК
Денес внимавајте на зборовите кои ги изговарате, кога сте во неодумица дали да кажете нешто, гризнете си го јазикот, тоа може да ве спаси од големи конфликти. Тензијата која ќе ја чувствувате со сите на кои ќе налетате ќе помине за кратко, бидете трпеливи.
ЛАВ
Ќе имате недоразбирање со ваш пријател, но колку повеќе го одолговлекувате случајот толку полош ќе биде вашиот одно. Бирајте ги вашите зборови внимателно и тактички и изјаснувајте се себеси отворено. Не би сакале сето тоа да заврши во лоша насока.
ДЕВИЦА
Некој стрес денес ќе ве направи уморени. Можно е тоа да е прекумерната работа која ви се натрупала во последниот период па крајниот рок за извршување на сите обврски е денес. Направете се за да се организирате добро и да ја смирите вашата лутина. Одговарајте рационално на секој предизвик.
ВАГА
Денес треба да покажете контрола врз вашите емоции за да не претрпите несакани последици. Некој инцидент кој сте го доживеале ќе ви се искристализира и ќе ви стане јасно дека се се случило онака како што треба и попусто сте се се нервирале.
ШКОРПИЈА
Денес ќе откриете дека вашата секојдневна рутина ќе биде прекината поради некој настан во вашето семејство, веројатно веселба или свадба. Ќе бидете преокупирани со подготовките и тоа ќе ве исфрли од колосек. Наместо да сте под стрес, уживајте во овој период, овој настан ќе ви ја разбуди возбудата и забавниот дух.
СТРЕЛЕЦ
Немојте да се вовлекувате себеси во расправии со пријателите. Ако се најдете себеси во тензична ситуација, останете смирени. Секоја конфортанција би можела да наштети на вашето ментално здравје и односите со пријателите.
ЈАРЕЦ
Обидете се да не го изгубите вашето трпение денес. Иако можеби ќе бидете искушени, обидете се да останете смирени, во спротивно тоа може да предизвика губење на интерес и чувства кај некој кој ви значи. Немојте да дозволите да изгубите драга личност поради вашиот темперамент.
ВОДОЛИЈА
Можни се препирки со партнерот или некој близок. Треба да научите да се носите со критиките и ситуации во кои е потребно да се кажува вистината. Би било добро да се соочите со фактот дека вашите најсакани не можат секогаш да ја разубавуваат реалноста за да не ве повредат, понекогаш морате да се соочите со вистината.
РИБИ
Денес ќе бидете особено социјални па можно е и да заблескате танцувајќи на подиумот. Ќе се ослободите од стресот и ќе се препуштите на забавата и смеата. Уживајте!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (13 декември)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за сабота (14 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег
-
Кичево11 часа
Со „Integral House“ – Кичево, се ѐ полесно, тимот на професионалци вашиот дом ќе го направат во чекор со модерната „smart“ технологија, во движење и на дофат
-
Временска прогноза22 часа
Влажен студен бран се ближи кон наша територија, ќе имаме нови врнежи од дожд утре и снег на планинските превои
-
Македонија8 часа
Охриѓанка била измамена, лицето кое ја измамило и кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Свет3 часа
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Спорт1 ден
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026