Кичево
Турнирот во мал фудбал „Илинден“ во с.Вранештица стартува во понеделник, ова се извлечените парови кои ќе се натпреваруваат
Почитувани љубители на фудбалот, драги читатели на нашиот водечки медиум, Ве известуваме дека вчера се одржа предвидената „ждрепка“ и финализирањето со пријавување на екипи кои ќе се натпреваруваат во тековниот период на традиционалниот турнир во мал фудбал „Илинден“ кој љубилејно по 55-ти пат ќе биде одржан во кичевското с.Вранештица пред голем број на публика.
Имено, се пријавија вкупно „11 екипи“ кои ќе се борат за истакнатите 🏆 награди, додека организацијата и дел од нашиот тим, во присуство секако и на претставници од екипите според транспарентното извлекување, распоредот на првичните натпревари во понеделник 24-ти и вторник 25-ти јули е следниот:
– Понеделник | 24.07.2023 | Почеток: 20:00 часот
- ⚽️ „Кеди Дизајн“ vs „Стари Куќи“ ——- 20:00 часот
- ⚽️ „Братство Лисичани“ vs „Асан“ ——- 20:40 часот
- ⚽️ „Викса Маркет“ vs „Охрид“ ————- 21:20 часот
- ⚽️ „Охрид“ vs „Кај Кумот“ —————— 22:00 часот
– Вторник | 25.07.2023 | Почеток: 20:00 часот
- ⚽️ „Роденденски Пињати – Кичево“ vs „Млади Лисичани“ —– 20:00 часот
- ⚽️ „Асан“ vs „Голден Бојс“ ————————————————— 20:40 часот
- ⚽️ „Фамилија Миловски“ vs „Кај Кумот“ ——————————- 21:20 часот
- ⚽️ „Викса Маркет“ vs „Кеди Дизајн“ ————————————- 22:00 часот
Во име на организаторите и МЗ „Вранештица“ ве покануваме со вашето присуство да ги збогатите овие настани, воедно да пробате од највкусната скара, ладни пијалоци и да уживате во одличен фудбал и фер плеј.
Спортски поздрав!
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
-
Кичево21 часВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево1 денФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (12 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Кичево15 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Кичево2 денаВо ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
-
Магазин2 денаГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
-
Lifestyle2 денаБез оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот



