Следете не

Свет

Twitter казнет 150 милиони долари поради лажење и продажба на приватни податоци на корисниците

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Американската Федерална трговска комисија го казни Twitter со 150 милиони долари затоа што на огласувачите им обезбедил кориснички информации, вклучително и телефонски броеви, кои ги собира за безбедносни цели.

Од мај 2013 година до септември 2019 година, Twitter собираше телефонски броеви и адреси на е-пошта за безбедносни цели, но ги сподели тие информации и со компаниите кои испраќаа реклами до корисниците.

Американското Министерство за правда и Трговската комисија наведуваат дека социјалната мрежа лажно тврдела дека ги почитува договорите за безбедност на податоците што САД ги имаат со ЕУ и Швајцарија.

Според овие договори, споделувањето и користењето на личните податоци на корисниците е забрането освен во случаи кога тие лично го одобруваат тоа.

Затоа Twitter ќе мора да плати 150 милиони долари и да постави нови безбедносни мерки.

Регулаторите посочуваат дека „Twitter“ ги измамил корисниците да ја заштитат нивната приватност со кршење на правилата.

Казната доаѓа во момент кога компанијата чека финализирање на договорот за продажба на директорот на „Тесла“, Илон Маск за 44 милијарди долари.

rtv.rs/

Свет

Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jens Aber

Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо. Според достапните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на координати 41.0079° северна ширина и 143.0123° источна должина.

Eпицентарот, како што известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, бил на длабочина од околу 18 километри под површината на Земјата.

До сега, нема пријавено штети или повредени лица, а властите продолжуваат да ја следат ситуацијата.

Треба да се напомене дека Хокаидо денес веќе беше погоден од земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала.

Прочитај повеќе...

Свет

Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“

Објавено пред

на

Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.

Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.

Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.

Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.

Извор: RIA / engadget.com

Прочитај повеќе...

Свет

Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.

Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.

Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.

Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.

„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.

WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.

Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.

Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.

Извор: independent.co.uk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за среда (10 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое...

Македонија13 часа

На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!

Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари...

Македонија18 часа

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин18 часа

Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости

• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта...

Магазин18 часа

Водич за купување ChatGPT со вештачка интелигенција

• OpenAI ја претстави новата функција „истражување на пазарување“, создадена за да им помогне на корисниците при празничното пазарување. Функцијата...

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин18 часа

Nvidia ја прогласи Huawei за најсилна технолошка компанија во историјата

• Јенсен Хуанг истакна дека Huawei е најмоќната технолошка компанија досега, со исклучителни можности во вештачка интелигенција и хардвер. И...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин19 часа

Телефоните на Samsung добиваат голема реконструкција: Започна бета-програмата One UI 8.5

Samsung ја претстави бета-програмата One UI 8.5, која им овозможува на корисниците да ја тестираат новата верзија на интерфејсот пред...

Кичево20 часа

Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени...

Временска прогноза21 час

За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно...

На денешен ден22 часа

Времеплов: На денешен ден (9 декември)

На денешен ден 9 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

НАЈЧИТАНИ