Следете не

Магазин

Twitter се повеќе се претвора во TikTok

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Компанијата додаде видео во својата услуга, како и препораки за видео во својот дел „Explore“.

Видео содржината на Twitter сега многу ќе личи на TikTok. Компанијата објави дека се префрла на „потоплив“ видео плеер на цел екран за гледање клипови.

Исто така, позајмен е гестот „swipe up“ кој ќе им овозможи на луѓето бескрајно да се движат низ голем број видеа на платформата.

Ажурирањето ќе направи гледањето видеа на Twitter да се чувствува слично на искуството што го имаме кога бараме видеа на TikTok или Instagram Reels, барем кога станува збор за корисничкиот интерфејс.

Овие промени засега се ограничени на апликацијата Twitter iOS, но компанијата најавува дека слична надградба ќе пристигне и на Android во наредните недели.

Покрај тоа, Twitter тестира и промена која треба да привлече повеќе корисници да гледаат видео содржини на оваа платформа.

Се експериментира со нов дел за препораки за видео на страницата Twitter Explore. Тие предлози ќе бидат достапни за корисниците во одредени земји.

Гејминг

Microsoft сака да ја донесе Call of Duty на конзолите на Nintendo

Објавено пред

на

Фил Спенсер ја објави 10-годишната посветеност на компанијата да ја направи CoD достапен на конзолите на Nintendo доколку се постигне договор со Microsoft-Activision.

Microsoft се обврзува да ја донесе Call of Duty на платформите на Nintendo и да ја направи франшизата достапна на конзолите на овој производител 10 години доколку се купи Activision Blizzard.

Фил Спенсер, извршен директор на Microsoft Gaming, ја објави посветеноста на компанијата на Twitter, истакнувајќи дека „Microsoft е посветен да донесе повеќе игри до повеќе луѓе – како и да сакаат да ги играат“.

Покрај тоа, Спенсер објави дека Microsoft ќе продолжи да нуди CoD на платформата Steam, како и на Xbox, по договорот за стекнување на Activision Blizzard.

Се нагласува дека овие потези се последни во процесот за придобивање на FTC (Федерална трговска комисија), која има улога да го регулира аквизицијата и можност да го блокира доколку се утврдат неправилности или прекршување на конкуренцијата на пазарот.

FTC, наводно, е загрижен дека купувањето на Activision Blizzard може да му даде на Microsoft нефер пазарна предност, што ќе ја намали конкуренцијата и ќе и даде монопол на компанијата.

/V-Online

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (8 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Барате начин како да ги оправдате причините поради кои сеуште се наоѓате на место на кое многу ваши соработници одамна заминале. Трудот ќе биде наградено но поради претераната желба да истерате до крај, резултатот на крајот ќе ви биде неважен.

БИК
Вашата успореност не треба да ве загрижува затоа што е во склад со денешниот датум. Вечерта донесува случувања кои со својата динамика ќе ве вовлечат во темпо со кое повторно ќе влезете во центарот на вниманието. Успат, не сте недопирливи, внимавајте во сообраќајот.

БЛИЗНАЦИ
Можете да одиграте важна улога и да ја ублажите непремостливата разлика помеѓу членовите на вашето семејство. Ова би ви значело подобрено расположение и би ја разнишала самодовербата која можеби во изминатиот период потајно ве мачи.

РАК
Ангажирани сте на повеќе страни. Без оглед на тоа што напорно работите вие уживате во тоа. Поводете сметка за физичката кондиција, затоа што неуредниот живот и уморот ќе си го земат својот данок. Доколку не запрете, ви претстои сериозен пад на енергијата и прелада.

ЛАВ
Расположени сте за работа, полни сте со енергија и елан. Сепак, од друга страна, имунитетот ви е во пад. Можеби е добар миг квалитетно да одморите и да поработите на темата на вашето здравје затоа што во спротивно може да ве совладат сериозен грип.

ДЕВИЦА
Ве чека важна лекција во која морате да го совладате својот песимизам кој е еден од вашите особини кои често работат против вас. Верувате во своите интелектуални моќи, но исто така морате да бидете свесни дека не е реално секогаш да сте во право.

ВАГА
Со помош на некој член од семејството ќе го задржите оптимизмот иако факт е дека ситуацијата е сериозна. Доколку вашата работа е поврзана за нешто креативно, можен е позитивен напредок. Потрудете се да ги завршите сите досегашни задачи за да избегнете непријатности.

ШКОРПИЈА
Се враќате во форма. Работите во кои од непознати причини сте тапкале во место денес се активираат. Малку сте збунети со расплетот затоа што после долгото чекање ја изгубивте надежта. Овие денови ќе ги преиспитувате вашите мотиви повеќе отколку што ќе работите нешто конкретно.

СТРЕЛЕЦ
Дозволувате финансиите да ви го условуваат расположението и динамиката на гледање со луѓето за кои се грижите. Ако ги занемарите финансиските проблеми, ќе сфатите дека за дружење и пријатна атмосфера не е потребен дебел новчаник.

ЈАРЕЦ
Уморни сте од чекање. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите заврзлами и недоумици кои ве мачат некое време. Не бидете нетрпеливи и брзоплети, затоа што грешките кои денес можете да ги направите во иднина ќе бидат непоправливи.

ВОДОЛИЈА
Мислите дека само вие се трудите. Иако радо би пронашле пократок пат до заработка, за вас е подобро да се потпрете исклучиво на своите способности, затоа што успехот ве чека единствено на тој начин. Бидете внимателни ве очекуваат проблеми со авторитетите.

РИБИ
Се занимавате со нови начини на работа и пронаоѓате интересни методи со кои се занимавате во текот на работата. Пречките во комуникацијата со надредените ќе се манифестираат првенствено преку притисокот работата да биде завршена пред рокот. Бидете внимателни во сообраќајот.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (7 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве очекува ново познанство кое може да биде многу значајно за вашата љубовна иднина. Потребна ви е прошетка.

БИК

Имате многу работа и не ви е лесно да ги завршите обврските сами. Потребна ви е поддршка и помош од соработниците. Пред вас е период во кој ќе может да дојде до разочарување на емоционално поле. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате генерално поволен ден во кој ќе успеете да решите важни проблеми на деловно поле. Доколку сте слободни, пред вас е многу одличен период за нови љубовни случувања. Можни се проблеми со забите.

РАК

Постојат некои околности кои ве кочат да напредувате. Ќе имате многу проблеми во наредниот период. Ве очекува возбудливо познанство со личност која ќе потврди дека има емоции кон вас. Одмарајте што повеќе.

ЛАВ

Може да добиете можност да го покажете своето мислење и ставовите во опкружувањето кое тоа ќе го прифати. Поволен ден за решавање на проблемите со саканата личност. Може да очекувате дека ќе најдете компромис. Зголемете го внесувањето на течности.

ДЕВИЦА

Потребно ви е да имате повеќе трпение и да бидете упорни за да ги остварите деловните цели кои ги имате. Ви изгледа дека сте влегле во монотона фаза и тоа не ви се допаѓа. Потребни ви се промени во врската. Не се замарајте.

ВАГА

По драстичните промени од претходниот период, доаѓате до фаза во која конечно доаѓа до смирување на ситуацијата. Ќе бидете среќни покрај личноста која ви се допаѓа. Пред вас е поволен период за љубов. Низок притисок.

ШКОРПИЈА

Можеби моментално некои работи не се по ваша волја и не сте задоволни од деловната ситуација. На некој начин сте збунети и прилично тешко ги прифаќате емотивните промени кои се случуваат околу вас. Можен е пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Не сте сигурни дали треба да останете на ова работно место. Се премислувате околу важни одлуки и промени. Ќе запознаете интересна личност која ќе посака врска на долга стаза. Таа ќе ви возврати на емоциите. Проблеми со дишните патишта.

ЈАРЕЦ

Не се залетувајте со брзи одлуки. Пред вас е фаза во која ќе имате време за размислување. Доколку сте во брак, ве очекува период во кој ќе сакате зголемување на семејството. Нагласени проблеми со органите за варење.

ВОДОЛИЈА

Компликациите кои успеавте да ги надминете на деловно поле ве направија посилни и поискусни. Разочарани сте бидејќи од саканата личност не го добивте она кое ви е потребно. Емоциите во се во минусна фаза. Проблеми поради замор.

РИБИ

Многу тежок ден ве очекува. Пред вас е фаза во која ќе имате деловни проблеми и компликации. Исклучително сте загрижени за работата и тоа влијае врз вашата комуникација со саканата личност. Не е поволен период за вашето здравје.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево6 часа

Од средина на ноември до сега вкупно 13 луѓе од Кичево биле жртви на напади од бездомни кучиња, решение за сега очигледно нема

Од средина на месец ноември па се до денес, вкупно 13 луѓе биле цел на кучиња скитници кои биле нападнати...

Гејминг6 часа

Microsoft сака да ја донесе Call of Duty на конзолите на Nintendo

Фил Спенсер ја објави 10-годишната посветеност на компанијата да ја направи CoD достапен на конзолите на Nintendo доколку се постигне...

Временска прогноза8 часа

Обновена временска прогноза: Доаѓа дожд и невреме за викенд

Може слободно да се каже дека за време на викендот, како и во почетокот од следната седмица регионот и Македонија...

На денешен ден14 часа

8 декември – Светот „На денешен ден“

1542.- Родена е Мери Стјуарт, кралица на Шкотска од 1560 година. Поради нејзината про-католичка политика, била принудена да абдицира во...

Хороскоп21 час

Хороскоп за четврток (8 декември)

ОВЕН Барате начин како да ги оправдате причините поради кои сеуште се наоѓате на место на кое многу ваши соработници...

Спорт24 часа

Познати противниците на младите женски репрезентации во фудбал до 17 и 19 години за турнирот кој ќе се одржи во Македонија

Младите женски селекции на Македонија до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации што ќе се...

Култура24 часа

Утре се празнува Св.Ѓорѓија, голем ден, куќна слава и именден, нека е за многу години домаќини!

Верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како...

Кичево1 ден

Кичевските села „Козица, Белица, ХПП Белица и Белица 1“ во петок ќе бидат со времен прекин на електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 09.12 – петок, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување...

Македонија1 ден

Бензините повторно поевтинуваат, дизелот и автоплинот остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза1 ден

Временска промена со моќен циклон, Попоски најавува дождлив викенд со снег на некои места

Моќниот циклон кој за време на викендот ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, ќе донесе ОПАСНОСТ од локални ПОПЛАВИ.  Со продорот...

НАЈЧИТАНИ