Следете не

Македонија

Убава вест, денес 694 оздравени пациенти од Ковид-19, додека нови регистрирани 572

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 287
• Куманово – 58
• Кавадарци – 24
• Тетово и Кичево – по 21
• Велес – 19
• Гостивар – 15
• Прилеп – 14
• Битола, Кочани и Радовиш – по 11
• Струмица – 10
• Охрид и Струга – по 9
• Штип и Свети Николе – по 8
• Гевгелија – 7
• Неготино, Берово и Валандово – по 4
• Ресен и Пробиштип – по 3
• Виница и Кратово – по 2
• Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1
Регистрирани сe 694 оздравени пациенти од:
• Скопје – 340
• Куманово – 63
• Струмица – 49
• Гостивар – 45
• Тетово – 44
• Дебар – 21
• Штип – 19
• Радовиш – 18
• Кавадарци и Велес – по 14
• Гевгелија и Крива Паланка – по 11
• Неготино – 9
• Делчево – 7
• Кочани и Виница – по 5
• Кратово – 4
• Свети Николе и Валандово – по 3
• Кичево и Берово – по 2
• Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица – по 1
Пријавени се 30 починати лица: 10 починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г). Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893

Македонија

Нов случај на измама: Старица дала огромна сума пари на таканаречен лекар кој и кажал лоша вест за ќерката

Објавено пред

на

На 25.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријави дека од страна на едно лице била измамена за 30.000 евра. Имено, лицето и се јавило телефонски и се претставил како лекар, по што и рекол дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека требало да ја оперира, но пријавителката требало да плати.

Откако се договориле, таа ги дала парите на лице на возраст од околу 60 години, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Во Охрид вчера се случила сообраќајка помеѓу моторџија и велосипедист

Објавено пред

на

На 24.06.2025 околу 19:00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Ф.М.(22) од Охрид и велосипед управуван од Н.Д.(60) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

Нов случај на измама: Старица дала огромна сума пари на таканаречен лекар кој и кажал лоша вест за ќерката

На 25.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријави дека од страна на едно лице била измамена за...

На денешен ден16 часа

Времеплов: На денешен ден – 26 јуни

На денешен ден 26 јуни, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за четврток (26 јуни)

Овен Вашата загриженост може негативно да се одрази на ситуацијата на работа бидејќи на колегите им правите притисок без потреба....

Кичево21 час

(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која...

Спорт24 часа

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата...

Спорт1 ден

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта...

Lifestyle1 ден

Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови

Температурите се зголемуваат, а престојот во затворен простор сè повеќе наликува на престој на директно сонце. Ако немате клима уред,...

Македонија1 ден

Во Охрид вчера се случила сообраќајка помеѓу моторџија и велосипедист

На 24.06.2025 околу 19:00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски...

Автомобили1 ден

Како да ја надминете летната жештина од 37 степени во автомобил: Трикови што навистина функционираат

Кога температурата надминува 37 степени, како што често се случува во Белград и другите балкански градови, климатизацијата во автомобилот станува...

Lifestyle1 ден

Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате

Со генерации наназад кружи митот: „Ако проголташ семка од лубеница, ќе ти порасне лубеница во стомакот!“ Иако ова е само...

НАЈЧИТАНИ