Македонија
Убава вест, денес 694 оздравени пациенти од Ковид-19, додека нови регистрирани 572

Македонија
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава

На 16.05.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик, извршено од страна на три лица, од кои еден државјанин на Белгија.
Имено, белгискиот државјанин Л.Д.С. во временскиот период од февруари до мај 2022 година, со намера да овозможи вршење полови дејствија со дете или други форми на сексуална експлоатација во Белгија, планирал и со лицата Е.А. и Ф.Б. -родители на детето, договорил склучување на присилен брак помеѓу него и нивната малолетна ќерка , односно дете со неполни 14 години.
Заради остварување на својата намера да го однесе детето во Белгија, Л.Д.С. во повеќе наврати престојувал на територија на Република Северна Македонија. Со цел да се обезбедат лични документи за патување за детето , Л.Д.С. на родителите на детето им дал околу 2.500 евра, и во неколку наврати преку брз трансфер на пари Union“ од Белгија на Е.А. му испраќал парични средства во различен износ.
Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 16.05.2022, извршен е претрес на дом и други простории каде времено престојуваат Е.А. и Ф.Б. во Струга, од каде е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело, додека на Меѓународен аеродром – Скопје е извршен претрес над лицето Л.Д.С., по што трите лица се лишени од слобода.
Истиот ден (16.05.2022), ОСОСК-СКИ-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против Л.Д.С. (38) од Белгија и Е.А. (33) и Ф.Б. (34) од Скопје, а со привремен престој во Струга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418- г став 2 од КЗ. Денеска (17.05) лицата ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.
Извор: МВР
Македонија
Ново поскапување на бензините, ова е цената која ќе стапи на сила од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.
Од 17.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 92,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,334 %, кај дизелот има намалување за 1,840%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,559% и кај мазутот има намалување за 0,96%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,307%.
-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, посочуваат од Регулаторна.
Македонија
СВР Охрид со санкции за возачи кои непрописно престигнувале

На 13.05.2022 година од 14 до 20 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници регистрирале и санкционирале 11 возачи кои извршиле непрописно престигнување (Охрид-07, Кичево-04).
Со цел зголемување на сообраќајната безбедност, контролите ќе бидат интензивирани на целото подрачје на СВР Охрид поради што, апелираме до сите учесници во сообраќајот на внимателност и совесност и целосно почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација.
За медиумите извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (16 мај) – понеделник
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за вторник (17 мај)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на бензините, ова е цената која ќе стапи на сила од полноќ
-
Кичево1 ден
Отворени работни позиции во водечкиот Интернет & TV оператор „Cable Call“ по одлични работни услови
-
Македонија10 часа
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
-
Временска прогноза4 часа
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи
-
Lifestyle1 ден
Се случи првото целосно затемнување на Месечината оваа година
-
Временска прогноза13 часа
Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..