Автомобили
Uber го претстави своето robotaxi и откри кога доаѓаат автономни возила (ВИДЕО)

UBER ја лансираше својата прва услуга robotaxi.
Давателот на транспортната услуга со години работи на развој на самоуправувачки автомобили, се со цел да биде првиот што ќе понуди услуга за robotaxi. И покрај бројните проблеми, вклучувајќи го и падот на интересот на јавноста за самоуправувачките автомобили, Uber не се откажува од идејата за целосно автоматизирана транспортна услуга.
Uber сега се здружи со Hyundai и Aptiv стартап Motional за да обезбеди автоматизирана услуга за возење во Лас Вегас. Лансирањето на услугата robotaxi е дел од 10-годишната соработка која ќе ги комбинира самоуправувачките автомобили на Motional, Hyundai Ioniq 5, со платформата за транспортна услуга на Uber.
Двајца испитаници ја завршија тест фазата за Uber Food уште во мај, во Санта Моника, Калифорнија. Сега услугата на возење во самоуправувачки автомобил можат да ја искусат корисниците на платформата Uber во Лас Вегас, пишува Automotive News Europe. Компанијата известува дека проектот за услуга на robotaxi ќе се прошири и во Лос Анџелес.
Да потсетиме, Uber го продаде својот оддел за автономни возила пред две години, а последниот потег покажува дека тие не се откажале од идејата. Ова е особено значајно затоа што натамошниот развој на автономните возила е запрен од многу други гиганти. Ford и Volkswagen го прекинаа проектот Argo AI, а неодамна Apple објави дека го одложува крајниот рок за развој на електрично возило, како и напуштање на системот за автономно возење Ниво 5.
„Автономните возила сè уште се реалност што можеме да ја очекуваме, но тоа нема да се случи преку ноќ“, рече во интервјуто Ноа Зих, глобален шеф за автономна мобилност и испорака на Uber. „Како што ние во Uber гледаме на тоа, тоа ќе биде хибридна мрежа со мешавина од автомобили без возачи и луѓе возачи за многу, многу долго време“, рече тој.
Да потсетиме, Uber и Lyft ги придвижија своите планови за лансирање на флота од целосно автономни возила. Двете компании моментално работат со Motional, специјалист за технологија за автономно возење.
/index
Автомобили
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.
Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.
Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА
Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:
Автомобили
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.
Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.
Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.
Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.
Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.
Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.
Извор: BUG
Автомобили
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)
Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.
И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!
Мал дел фотографии:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (16 октомври)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (15 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести
-
Хроника2 дена
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (17 октомври)
-
Храна2 дена
Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента
-
Македонија1 ден
18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007
-
Магазин2 дена
Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки