Кичево
Учениците од здравствената струка при ОСУ Мирко Милески ја покажаа својата хуманост на дело

Во неделата исполнета со хуманост и дарување свој несебичен придонес дадоа и матурантите од здравствената струка од ОСУ ,,Мирко Милески” – Кичево и класниот раководител Нела Митреска кои самостојно собираа донации во нашиот град и ги подарија на Дневниот центар на лица со посебни потреби, Ковид центарот и најранливата категорија граѓани кои немаат основни средства за живот и сопствен дом.
– Благодарна сум што овие четири години имав можност да бидам дел од животот на овие деца. Пресреќна сум и горда што сите пораснаа и созреаа во прекрасни млади луѓе,со големо срце,секогаш спремни да помогнат.
– Сигурни сме дека овие млади луѓе и во иднина ќе продолжат со својата хуманост, за нашиот портал ексклузивно изјави класниот раководител на IV-9
Во оваа прилика упатуваме и голема благодарност до сите кои донираа, сите ученици, наставници од сите основни училишта, едноставно листата е голема, и сите издвоени објави се со цел да се поттикнат останатите и да се побуди хуманоста во поголема мерка.
Ова е гест за почит, дај боже секогаш да се помагаме вака!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза1 ден
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт1 ден
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Македонија2 дена
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје2 дена
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили1 ден
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Скопје4 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии