Кичево
Предмалку бил удрен пешак на „Магистралниот пат“ во Кичево

Предмалку се случила сообраќајна несреќа во близина на поранешна „Штрафара“ (кружен тек) на магистралниот пат во Кичево, каде според очевидци пешак кој сакал да ја премине магистралата бил удрен од автомобил Мазда.
ОВР Кичево врши увид на местото на настанот, додека СВР Охрид ќе излезе со повеќе детали во текот на утрешниот ден.
– Од неофицијални извори се работи за малололетен пешак кој за среќа како што говорат очевидците кои помогнале на лице место заедно со медицинските лица од Општата болница „Кичево“ кои веднаш пристигнале, велат дека лицето било во контактибилна состојба и надвор од животна опасност.
Уште еднаш, апел за поголемо внимание во патниот сообраќај и придржување на поставената патна и сообраќајна сигнализација за ограничување на брзина!
Кичево
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)

Распоред на богослужбите за време на Страсната и Светлата седмица (Велигден) во кичевската црква Св.Апостоли Петар и Павле
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Дечињата од Кичево за радоста од Лазаревото Воскресение

Радоста од Лазаревото Воскресение во Кичево, предвесник и предвкус на најголемата радост на Христовото Воскресение преку прекрасните фотографии низ објективот на нашиот соработник Јове Ангелески
Кичево
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години

Група граѓани од Кичево на социјалните мрежи повикаа на мирен протест поради дивата депонија настаната зад кичевското ЈП „Комуналец“ (стариот објект на Магистралниот пат).
Како што ја известија јавноста преку нивната социјална мрежа на фејсбук која собра рекордни 600 следбеници за нешто помалце од 24 часа – протестот нема никаква политичка поврзаност и се оградува од секакво политичко поврзување, истиот е исклучиво со цел граѓаните да добијат она што заслужуваат, здрава животна средина која е гарантирана со закон.
Во своето интегрално соопшетение исто така наведуваат дека доколку надлежните не пристапат кон решавање на проблемот, протестите ќе бидат честа појава, со цел свртување внимание за она што треба.
Протестот според исказот во јавноста групата граѓани ќе го одржат во сабота на 12.04.2025 г. со почеток од 13:00ч со збирно место во непосредна близина, односно кај новата зграда на Општина Кичево, влез/рампа пред самото паркинг место.
– Инаку да потсетиме пред 8 месеци во дивата депонија избувна пожар кој целосно го пеплоса локалитетот каде што беше одлаган сметот, исфрлајќи токсичен чад кој се распространи над половина град, додека припадниците на ТППЕ Кичево, завршија во Општата Болница во Кичево вдишувајќи чад, санирајќи ги пламените јазици (линк до известувањето ТУКА)
– Во прилогот од ИРЛ известија дека Државниот инспекторат за животна средина му даде рок до крајот на месец февруари 2024-та година на ЈП „Комуналец“ Кичево да ја исчисти локацијата, која без никаква институционална одлука стана диво одлагалиште на отпад, но се чини година и два месеци нема ништо од тоа.
Известуваа и колегите од ТВ21 уште во 2022-та година на 28 август, но се чини и тоа беше без успех.
Да се надеваме дека конечно ќе се изнајде решение и веќе „привремената“ дива депонија кои некои ја бележат дека е повеќе од 5 години која и градоначалникот ја призна за „нелегална“ во свое интервју за ИРЛ – ќе стане конечно минато. #ЕденВоздух #СитеСмеЗасегнати
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за петок (18 април)
-
Култура8 часа
„Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Кичево1 ден
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Хроника1 ден
Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа
-
Култура2 дена
„Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој наш голем ден
-
Македонија8 часа
Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност
-
Македонија1 ден
МВР информира за работното време на Управните служби за претстојните Велигденски празници