Спорт
УЕФА денес соопшти дека најостро го осудува физичкиот напад кон претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, повика на брза и темелна истрага
УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Имено како што стои во соопштението, УЕФА ги повикува локалните власти да спроведат брза и темелна истрага.
– Заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следиме ситуацијата во северномакедонската фудбалска заедница за да обезбедиме федерацијата да остане ослободена од какво било мешање, во согласност со Статутот на УЕФА и ФИФА, и континуирано ќе проценуваме дали се потребни дополнителни активности.
– Заедничка делегација на ФИФА/УЕФА наскоро ќе отпатува во Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, со што ќе се погрижи независноста на ФФМ да се одржи и почитува.
Извор: UEFA
Спорт
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026
Денеска во Цирих, Швајцарија се одржа ждребот за квалификациите за пласман на СП, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во периодот од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Нашата најдобра репрезентација се наоѓаше во третиот шешир и на денешното извлекување за ривали ги доби селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн, во рамките на групата Ј.
Квалификациите за пласман на СП 2026 ги стартуваме во март, информираа од Фудбалската федерација на Македонија
🎙️ Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
💬 “Извлекувањето во Цирих ни носи надеж.
Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман”.
Благоја Милевски: За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварувањe
Спорт
Две македонски судијки добија ФИФА знак, додека македонската „А“ футсал репрезентација ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора
Уште едно големо признание од страна на ФИФА доби судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија. Две наши судијки официјално го добија знакот на ФИФА со кој им е овозможено да делат правда на меѓународни натпревари. Тамара Цветановиќ официјално стана ФИФА помошен судија, а Моника Даштевска стана футсал судија.
Футсал А репрезентација на Македонија кон средината на декември ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Првиот од двата квалификациски мечеви го играме на гостински терен портив силната Холандија. Дуелот ќе биде одигран на 13. декември, во Алмере, со почеток од 19.30. Во вториот квалификациски меч, на домашен терен ја пречекуваме Андора. Натпреварот против Андора ќе се одигра на 18. декември со почеток во 19. часот, во спортската сала „Јане Сандански”.
Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за претстојните квалификациски мечеви со Холандија и Андора се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Антонио Петровски
Иван Стојановски
Никола Спасовски
Зоран Левски
Таулант Исмаили
Даниел Марињо Де Соуза
Марио Благојевски
Садат Зибери
Драган Петровиќ
Игор Леовски
Димитар Јанев
Јакуп Рамадани
Иван Крстевски
Даниел Марихио Де Соуза
Извор: ФФМ
Спорт
Познати 1/4 финалните парови за Купот на Македонија во фудбал, додека Комисијата за натпревари изрече службена победа за гостинска екипа
Денеска на „Куќата на фудбалот“ беа извлечени четвртфиналните парови за најмасовното натпреварување во нашата земја, Купот на Македонија. Осум екипи ќе се борат за трофејот кој минатата сезона го освои Тиквеш од Кавадарци.
1/4 финале, Куп на Македонија:
СТРУГА Трим Љум – ГОСТИВАР
ДЕТОНИТ Плачковица – ШКЕНДИЈА
БРЕРА Академија Пандев – АРЕСИМИ
ВАРДАР – СИЛЕКС
Натпреварите се играат на 26. февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот.
Што се однесува до комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), службено со 0:3 во корист на гостинската екипа го регистрираше натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје од 15. коло во Втора МФЛ.
Мечот во Македонска Каменица беше прекинат во 71. минута при резултат 1:1. Исто така, комисијата донесе одлука за суспензија натеренот на ФК Каменица Саса во Македонска Каменица за одигрување на натпревари. Одлуката е во сила се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ.
Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипи.
Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ, исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на ФК Башкими. За евентуални санкции за екипата од Куманово ќе решава дисциплинската комисија на ФФМ поради лоша организација на мечот ФК Башкими – ФК Брегалница од 15. коло во Втора МФЛ.
Извор: ФФМ
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (13 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (14 декември)
-
Временска прогноза10 часа
Влажен студен бран се ближи кон наша територија, ќе имаме нови врнежи од дожд утре и снег на планинските превои
-
Магазин2 дена
Не секој iPhone е ист: Како да дознаете од каде доаѓа вашиот уред
-
Спорт20 часа
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026
-
Магазин2 дена
iOS 18.2: Вештачката интелигенција го прави iPhone попаметен
-
Технологија11 часа
(ВИДЕО) Што може најмоќната „Google AI“ – „Gemini 2.0“ ?