Спорт
УЕФА: Финалето во Лигата на Европа ќе биде отворено за гледачи со ограничен број

УЕФА денеска официјално донесе одлука во јавноста, дека финалниот натпревар за титулата во Лигата Европа ќе се одигра пред навивачи, максимално 9500 лица ќе имаат можност да бидат на трибините во Гдањск.
Како што се наведува во соопштението цени веќе има за влесниците но по поголема цена, но сепак според некој медиуми се очекува да се продадат во рекорден рок, движејќи се од 40 до 130 евра.
🎟️ Applications for tickets for the #UELfinal in Gdańsk, Poland on 26 May are open until Friday.
🏟️ Up to 9,500 fans will be allowed to attend the game.
Full info: ⬇️
— UEFA (@UEFA) May 4, 2021
Да потсетиме, Финалето во Полска се игра на 26 мај, додека продажбата на билетите е веќе започната
ФОТО: УЕФА / Твитер
Спорт
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“

Германската фудбалска лига (DFL) воведува важни новини во начинот на користење на ВАР технологијата за претстојната сезона. Почнувајќи од 22 август, судиите во Бундеслигата ќе ги соопштуваат причините за сите ВАР одлуки јавно пред публиката. Истата практика ќе започне и во Втората лига од 17 октомври.
Дополнително, гледачите на стадионите и преку телевизија ќе добијат пристап до повеќе информации, вклучувајќи и снимки направени со камери поставени на телото на судиите. Оваа технологија, која досега се користеше само на ФИФА натпревари, сега е одобрена од Меѓународниот одбор за фудбалски правила (IFAB) и може да се користи и на домашни лиги ако организаторите го побараат тоа.
Со овие новини, судиите во Бундеслигата ќе ги објаснуваат своите одлуки директно пред публиката по консултација со ВАР и преглед на снимките, овозможувајќи поголема транспарентност и разбирање на судиските интервенции.
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.
– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА
Нека е со среќа!
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (29 јули)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (30 јули)
-
Кичево2 часа
(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите
-
Временска прогноза1 ден
Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица
-
Lifestyle1 ден
Колку кафе е премногу? Експертите откриваат каде е границата
-
Lifestyle1 ден
Сè што треба да знаете за перењето фармерки
-
Lifestyle1 ден
Како да го исчистите шпоретот без штетни хемикалии: Еден природен трик што сите го имаме дома
-
Спорт2 часа
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“