Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила кон Плетвар
Од 06:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила за движење преку планинскиот премин Плетвар.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.Врнежи од снег има во Прилеп,Железнец,Неготино,Демир Капија,Удово,Крушево на планинските превои Плетвар и Буково.Со помал интезитет на врнежи на снег има на Попова Шапка,Маврово и Агино-Миладиновци.
Извор: АМСМ / Фото: Сопствена архива
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
Македонија
РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“
Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.
Притоа, полициските службеници, ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.
Целта на оваа вежба беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки , меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл.
– Во вежбата учество зедоа ТАВ „Аеродром“- Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и ТППЕ „Охрид“ и ТППЕ „Струга“, медицински екипи од „ТАВ“ и амбуланта „Охрид“ и „Струга“, „Црвен Крст“. Вежбата успешно заврши со покажана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што се одржа во Скопје во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Пред претставници на Владата, општините, ЗЕЛС, РСБСП и експертската јавност, министерот ја истакна загрижувачката состојба со сообраќајната безбедност и потребата од системски и координиран пристап. „Како и во светот, и кај нас најчести жртви на сообраќајните незгоди се младите. Минатата година имавме околу 78 жртви на милион жители, што е речиси двојно повеќе од европскиот просек од 40, а далеку над скандинавските земји, каде бројката е до 20 жртви на милион жители“, нагласи министерот.
Во своето обраќање тој посочи дека Македонија се приклучува кон европската стратегија „Safe System“, чија цел е до 2030 година бројот на жртви да се намали за половина, а до 2050 година да се постигне целосно нулта жртви.
Тошковски дефинираше дека клучните елементи на овој систем кој заеднички треба да го имплементираат институциите се: безбедна брзина, безбедни учесници во сообраќајот, безбедни патишта, безбедни возила и ефикасна институционална реакција по незгода.
Министерот ја поздрави иницијативата за потпишување на првата Декларација за сообраќајна безбедност, со која општините формално се обврзуваат дека ќе работат системски на подобрување на условите и инфраструктурата.
Посебен акцент беше ставен на започнатиот пробен период на системот „Безбеден град“, кој преку автоматско препознавање веќе детектира стотина илјади прекршоци. „Ова е значаен чекор кон современ, ефикасен и дисциплиниран сообраќајен амбиент“, истакна Тошковски.
-
Кичево6 часаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Кичево1 ден(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Култура7 часаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Магазин1 ден(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Хороскоп19 часаХороскоп за среда (3 декември)
-
Кичево2 денаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Кичево1 ден„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
