Следете не

Македонија

Укинати забраните за тешки товарни возила за Стража и Пресека, останатите се уште активни

Објавено пред

на

Во 11:10ч. се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичевo преку планинскиот превој Стража.

Денес од 10:35 ч. укината е Забрана за движење на ТМВ на патниот правец Охрид – Кичево, превој Пресека и обратно.

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТМВ: Од 00:40ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар

Од 06:20ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Извор: АМСМ

Македонија

Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Објавено пред

на

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.

Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прочитај повеќе...

Македонија

Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

Објавено пред

на

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).

Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Се работи на расчистување на настанот.

За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

Со донација од ФФМ, се реконструираа спортски терени, игралиште за мал фудбал, систем за наводнување наменети за потребите на ЕБР

Објавено пред

на

Министерот Спасовски во посета на реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“- Скопје, донација од Фудбалската федерација на Македонија
Денеска, (21.05.2022) во Полициски Центар „Ѓорче Петров“- Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Сашо Тасевски ги посетија реконструираните спортски терени – новото игралиште за мал фудбал со вештачка трева, големото фудбалско игралиште, како и системот за наводнување на игралиштето, наменети за потребите на припадниците на Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, донација од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Градежните и реконструкциски активности на спортските терени опфаќаат обновување на тревната површина на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа на фудбалскиот стадион со црева и прскалки за наводнување и одржување на тревната површина, фудбалскиот стадион, поставување на 4 столбови со 16 рефлектори на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа за малите фудбалски игралишта, поставување на вештачка трева со силикатна подлога на игралиштето за мал фудбал, поставување на фудбалски мрежи за головите на големото и малото фудбалско игралиште, како и донирање на фудбалски топки и делови од спортска опрема наменети за работните и спортски активности на припадниците на оваа Единица.

Facebook: Министерство за внатрешни работи

Facebook: Министерство за внатрешни работи

Ова раководството на МВР продолжува со зацртаните плански активности во насока на континуирано и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно унапредување на условите за работа на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, а со цел реализација на стратешки поставениот концепт „Опремена полиција – безбедни граѓани” – за медиумите велат од Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за 25 мај (среда)

ОВЕН Во изминатиов период бевте доста фокусирани на домот и семејството. Овој викенд ќе сакате да се релаксирате во позната...

Временска прогноза15 часа

Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите

Доцна попладнево и вечерва и тоа особено во источната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд,...

Магазин16 часа

Giveaway: Евротип спортските обложувалници доделуваат навивачки комплет само за вистински навивачи на Ливерпул и Реал Мадрид

Евротип спортските обложувалници доделуваат навивачки комплет само за вистински навивач на ЛИВЕРПУЛ кој ќе биде одбран преку #randompicker GIVEWAY-OT почнува...

Свет18 часа

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници

Означувајќи го крајот на една ера, властите во Њујорк ги отстранија речиси сите телефонски говорници, кои станаа жртви на бесплатните...

Магазин18 часа

Xiaomi и Leica склучија партнерство: Наскоро првиот телефон со германска камера

Гласините се покажаа како вистинити. Xiaomi официјално ја потврди својата „долгорочна стратешка соработка“ со Leica, а првиот паметен телефон развиен...

Магазин18 часа

Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон

Неодамна, се појавија првите наводи дека Samsung планира да вгради нов сензор од 200 MP во својот следен водечки мобилен...

Магазин19 часа

Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок

Жалењето за минатото кај некои е поизразено отколку кај други, а реченицата која вели дека нешто порано било подобро е...

Магазин19 часа

Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт

Instagram го претстави големото „освежување на брендот“ Instagram создаде сопствен фонт наречен Instagram Sans, кој доаѓа со различни подфонтови. Компанијата...

Култура1 ден

Денеска е празник, Св.Кирил и Методиј, ден на словенските просветители

Денес е празник, Св.Кирил и Методиј, светите браќа кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за...

На денешен ден1 ден

24 мај – На денешен ден

1543.- Почина полскиот астроном Николаус Коперник, творец на хелиоцентричниот систем и основач на модерната астрономија, автор на „Циркулацијата на небесните...

НАЈЧИТАНИ