Lifestyle
Уметник продаде невидлива скулптура за 18 илјади долари

Невидливата скулптура на италијанскиот уметник Салваторе Гарау, изработена од „воздух и дух“ е продадена за цели 18.000 долари, пренесуваат светските медиуми.
https://www.instagram.com/p/CO8mtPMKJiN/
Скулптурата наречена „Јас сум“ (Ло Соно), првото продадено „невидливо дело“, постои, но не во „материјална форма“, рече италијанскиот уметник, пренесува сајтот „Хипер бист“.
What you're looking at right now is the world's first invisible sculpture titled "Io sono" (I am) made by Salvatore Garau that got sold for 15,000 euros!
We can't call the "sculpture" nothing because the artist argues that it's not nothing it's vacuum. pic.twitter.com/1eVKabG8bN
— FinWise (@FinWise3) June 1, 2021
Како што прецизирал Салваторе Гарау, работата е повеќе како „вакум“. 67-годишниот италијански уметник објасни дека вакумот е „место исполнето со енергија“ и додаде:
– Дури и во случај на негово празнење и оставање ништо, според принципот на несигурност на Хајзенберг, дека „ништо“ нема специфична тежина. Значи, таа има енергија што кондензира и се трансформира во честички, односно нас. На ист начин, постои и Бог и ние веруваме во него иако никогаш не сме го виделе – објасни уметникот.
Предвидено е скулптурата, иако невидлива, да биде изложена на простор со големина половина од половина квадратен метар. Исто така, мора да биде „на приватен простор“, каде што нема „пречки“ и каде што не се потребни лесни и идеални климатски услови.
Les FRESH NEWS du 2 juin 2021 (10/10)
L’artiste italien Salvatore Garau vient de vendre sa sculpture invisible, baptisée « Io Sono (I am) », pour la somme de 18 000 dollars pic.twitter.com/nLUlvHk8eu
— Antidote (@Mag_Antidote) June 2, 2021
Иако не е видлива, заедно со скулптурата, неименуван купувач добил потврда за автентичност од уметникот дека „делото е вистинско“.
Салваторе Гарау е роден во 1953 година на Сардинија и дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Фиренца. Првата самостојна изложба ја имаше во 1984 година, а во својата кариера изложуваше низ цела Италија и Европа, а учествуваше и на јубилејот, 50. Биенале во Венеција.
Lifestyle
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови

Цезар салатата е еден од најпопуларните оброци за оние што сакаат лесен, но заситувачки ручек или вечера. Богата со протеини и свежи состојки, оваа салата ќе ве држи сити со часови, а притоа е едноставна за подготовка.
Потребни состојки:
• 250 г бело пилешко месо
• 100 г сланина
• 5 парчиња бисквити (исечени на коцки)
• 1 глава зелена салата
• 1 чаша кисела павлака
• Мајонез по вкус
• Маслиново масло за пржење
• 1 домат
• 1 чешне лук
• Сок од најмалку половина лимон
• Сол и бибер по вкус
• Рендан пармезан по вкус
Подготовка:
Пилешкото месо исечете го на коцки и пропржете го на маслиново масло додека не добие златна боја. Потоа во истиот сад кратко испржете ја ситно сечканата сланина и лукот.
Во голема чинија измешајте ја зелената салата со подготвеното пилешко месо, сланината, лукот и исечканиот домат.
Во посебен сад измешајте ја киселата павлака, мајонезот и сокот од лимон, па со добиениот дресинг прелијте ја салатата.
На крај, додадете ги испржените бисквити и наросете со рендан пармезан.
Совет: За уште побогат вкус, можете да додадете маслинки или варено јајце.
Оваа салата е одличен избор за оброк кој комбинира свежина, кремаст дресинг и крцкави елементи – идеално за летните денови или како лесна вечера.
Извор: Alo
Lifestyle
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци.
• Зошто секојдневно миење?
Заменик-главниот медицински службеник во AXA Health Insurance објаснува дека ако страдате од алергии на полен, кои се чести и во лето, секојдневното туширање со топла (но не врела) вода ќе ви помогне да ја заштитите кожата. Препорачливо е користење хипоалергенски сапуни и шампони.
• Совет од трихолог
Менди Бухнер, сертифициран трихолог, нагласува дека ако многу пливате или се потите, миењето коса секој ден е добра пракса. Важно е скалпот да биде чист и здрав за да се поттикне растот на косата. Ако не е секој ден, тогаш барем секој втор ден.
• Заштита од сушење
Главната грижа при често миење е сушење на косата. Бухнер советува употреба на хидратантни производи со есенцијални липиди кои ја враќаат изгубената влага. За дополнителна заштита, носете шапка и користете SPF производи за скалпот за време на престој на сонце.
• Што ако имате проретчена коса?
Експертите велат дека околу 80% од мажите и речиси половина од жените се соочуваат со овој проблем. Постојат ефикасни третмани, но најдобро е да се консултирате со дерматолог за индивидуален пристап.
Извор: Informer
Lifestyle
Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки како душа и совршени за појадок, се подготвуваат лесно, а резултатот е повеќе од вреден.
Потребни состојки:
• 600 г обично брашно
• 250 мл млеко
• 100 г путер
• 100 г шеќер
• 1 кесичка сув квасец
• 1 јајце
• 50 мл млака вода
• 1 лажичка сол
За премачкување:
• 2 лажици ладно млеко
• 1 жолчка од јајце
Подготовка:
• Загрејте ја рерната на 220°C.
• Растопете го путерот во топлото млеко.
• Растворете го квасецот во млаката вода.
• Во длабок сад измешајте брашно, шеќер, сол, јајце, растворен квасец и смесата со путер.
• Месете со миксер или рачно додека не добиете мазно и еластично тесто.
• Покријте го тестото со чиста крпа и оставете го да нарасне околу 1 час, додека не се дуплира неговата големина.
• Подгответе плех со хартија за печење.
• Кога тестото ќе нарасне, внимателно измесете го и поделете го на 12 еднакви делови.
• Направете топчиња и обликувајте ги во кифли.
• Наредете ги во плехот и оставете ги да нараснат уште малку додека се загрева рерната.
• Премачкајте ги кифлите со мешавината од млеко и жолчка од јајце.
• Печете околу 15 минути, додека не добијат убава златна боја.
Уживајте во овие домашни путерски кифли додека се топли!
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје12 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Временска прогноза19 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд