Магазин
Употребата на TikTok се намалува

TikTok почнува да слабее.
Минатата година, апликацијата TikTok беше на прво место по бројот на преземања, но не беше прва во однос на вистинската употреба. Во текот на изминатата година, Facebook го задржа убедливото прво место во однос на месечните активни корисници. Instagram е на второ место додека TikTok беше само на петтото место по бројот на активни корисници.
Сепак, во текот на изминатата година, TikTok забележа драстично зголемување на месечните активни корисници. Новите податоци покажуваат дека растот на оваа апликација почна да забавува. Иако растот е сè уште позитивен, тој драстично забави по отворањето на продавницата TikTok во САД.
TikTok започна со тестирање на продавницата во Америка во ноември 2022 година. Продавницата беше официјално лансирана во септември 2023 година, што е уште еден обид на оваа апликација да привлече повеќе корисници. Се чини дека оваа одлука имаше неочекувани резултати. Корисниците не беа многу задоволни од изгледот на продавницата, која почна да ги турка да купуваат различни производи. Од тој момент бројот на активни корисници почна да стагнира.
Извор: techcrunch.com
Здравје и убавина
Единствен рецепт за појак имунитет

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот.
Според него, клучот е во ладната вода. Како тоа делува?
Секој ден наполнете када со ладна, па дури и ледена вода, и потопете ги стапалата за 10–15 секунди. Потоа избришете ги со крпа и облечете дебели волнени чорапи. Оваа процедура се повторува секоја вечер пред спиење.
Доколку сте подложни на вируси, настинка или кашлица, се препорачува да ја практикувате и почесто — на секои четири часа. Според Бубновски, контактот со ладна вода не само што не ја загрозува здравствената состојба, туку, напротив, го подобрува општото здравје.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (15 септември)

ОВЕН
Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве очекува ново познанство кое може да биде многу значајно за вашата љубовна иднина. Потребна ви е прошетка.
БИК
Имате многу работа и не ви е лесно да ги завршите обврските сами. Потребна ви е поддршка и помош од соработниците. Пред вас е период во кој ќе может да дојде до разочарување на емоционално поле. Добро се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Може да очекувате генерално поволен ден во кој ќе успеете да решите важни проблеми на деловно поле. Доколку сте слободни, пред вас е многу одличен период за нови љубовни случувања. Можни се проблеми со забите.
РАК
Постојат некои околности кои ве кочат да напредувате. Ќе имате многу проблеми во наредниот период. Ве очекува возбудливо познанство со личност која ќе потврди дека има емоции кон вас. Одмарајте што повеќе.
ЛАВ
Може да добиете можност да го покажете своето мислење и ставовите во опкружувањето кое тоа ќе го прифати. Поволен ден за решавање на проблемите со саканата личност. Може да очекувате дека ќе најдете компромис. Зголемете го внесувањето на течности.
ДЕВИЦА
Потребно ви е да имате повеќе трпение и да бидете упорни за да ги остварите деловните цели кои ги имате. Ви изгледа дека сте влегле во монотона фаза и тоа не ви се допаѓа. Потребни ви се промени во врската. Не се замарајте.
ВАГА
По драстичните промени од претходниот период, доаѓате до фаза во која конечно доаѓа до смирување на ситуацијата. Ќе бидете среќни покрај личноста која ви се допаѓа. Пред вас е поволен период за љубов. Низок притисок.
ШКОРПИЈА
Можеби моментално некои работи не се по ваша волја и не сте задоволни од деловната ситуација. На некој начин сте збунети и прилично тешко ги прифаќате емотивните промени кои се случуваат околу вас. Можен е пад на имунитетот.
СТРЕЛЕЦ
Не сте сигурни дали треба да останете на ова работно место. Се премислувате околу важни одлуки и промени. Ќе запознаете интересна личност која ќе посака врска на долга стаза. Таа ќе ви возврати на емоциите. Проблеми со дишните патишта.
ЈАРЕЦ
Не се залетувајте со брзи одлуки. Пред вас е фаза во која ќе имате време за размислување. Доколку сте во брак, ве очекува период во кој ќе сакате зголемување на семејството. Нагласени проблеми со органите за варење.
ВОДОЛИЈА
Компликациите кои успеавте да ги надминете на деловно поле ве направија посилни и поискусни. Разочарани сте бидејќи од саканата личност не го добивте она кое ви е потребно. Емоциите во се во минусна фаза. Проблеми поради замор.
РИБИ
Многу тежок ден ве очекува. Пред вас е фаза во која ќе имате деловни проблеми и компликации. Исклучително сте загрижени за работата и тоа влијае врз вашата комуникација со саканата личност. Не е поволен период за вашето здравје.
Магазин
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн

Apple официјално објави дека iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26, macOS 26 и visionOS 26 ќе излезат од бета и ќе станат достапни за сите корисници на 15 септември. Новите системи доаѓаат заедно со iPhone 17 серијата и носат значајни промени, како и редизајн на интерфејсот.
Нов дизајн: „течно стакло“ и нов систем за броеви
Оваа година Apple воведува дизајн на течно стакло, со нагласена транспарентност и флуидност на интерфејсот. Втората голема промена е во ознаките на верзиите – наместо класично броење (iOS 18, 19 итн.), бројките сега ќе одговараат на годината на издавање, што носи поголема конзистентност.
Кои уреди го поддржуваат iOS 26?
-
iPhone 17 (со претходно инсталиран iOS 26)
-
iPhone 11, 12, 13, 14, 15 и 16
-
iPhone SE (втора генерација и понов)
Поддршка за watchOS 26
-
Apple Watch Series 6 и понови модели
-
Apple Watch SE (втора генерација и понов)
-
Сите модели Apple Watch Ultra
Поддршка за macOS 26 (код: Tahoe)
-
MacBook Air со Apple Silicon (2020 и понов)
-
MacBook Pro со Apple Silicon (2020 и понов)
-
MacBook Pro 16″ (2019)
-
MacBook Pro 13″ (2020, четири Thunderbolt 3 порти)
-
iMac (2020 и понов)
-
Mac mini (2020 и понов)
-
Mac Studio (2022 и понови)
-
Mac Pro (2019 и понов)
Поддршка за iPadOS 26
-
iPad Pro (M4)
-
iPad Pro 12,9″ (трета генерација и понова)
-
iPad Pro 11″ (прва генерација и понова)
-
iPad Air (M2, M3)
-
iPad Air (трета генерација и понова)
-
iPad (A16)
-
iPad (8-ма генерација и понова)
-
iPad mini (A17 Pro)
-
iPad mini (5-та генерација и понова)
VisionOS и tvOS 26
-
VisionOS 26 ќе биде достапен за Apple Vision Pro.
-
tvOS 26 ќе пристигне „оваа есен“ и ќе поддржува Apple TV 4K (втора генерација и понов). Се шпекулира дека нов Apple TV 4K ќе биде објавен заедно со системот.
Нови уреди претставени
На настанот „Awe dropping“, Apple освен новите системи ги претстави и:
-
iPhone 17, iPhone Air, iPhone 17 Pro и Pro Max
-
AirPods Pro 3
-
Apple Watch SE 3
-
Apple Watch Series 11
-
Apple Watch Ultra 3
Извор: Engadget
-
Спорт18 часа
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт1 ден
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Магазин1 ден
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин1 ден
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Временска прогноза5 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно
-
Македонија1 час
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат