Кичево
Урбана викенд програма во Република 96250

Петок (27.05.2022) го резервираме за љубителите на електронката музика диригирана од локалниот DJ PUNISHER, почеток во 21:00h (Second floor).
Забавата продолжува и оваа сабота, 28.05.2022. со Laura Krliu & Diamond Balazhi, Оливер Стојкоски (Drums), Кико Јапер (Bass). Република 96250 ве поканува на одлична забава, почеток 21:30 часот.
Кичево
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“

Во четвртокот во 18:00ч се одржа третиот по ред протест пред општинската зграда во Кичево, овој пат на кеј.
– Барањата беа исти, протестите се со цел дислокација на дивата депонија, настаната во местото повеќе познато меѓу кичевчани Керамички комбинат.
– Околу 200 кичевчани изразија револт поради до сега никаквото решение со депонијата која шири заразни болести и е закана по здравјето повеќе од 8 години.
– „На гости ми дојдоа луѓе од Истанбул, кога излеговме на балкон веднаш ме прашаа што е оваа смрдеа, јас приморан бев да им кажам дека на 100м имаме депонија, а тие на тоа ми одговорија ова да беше во Турција, ќе следеа низа казни и медиумски блам“ – на говорот истална Џани Вели, старограѓанин од Кичево, долгогодишен пациент на Онкологија.
Свое излагање пред присутните имаше и еден од организаторите кој даде крик за оваа немила ситуација со депонијата, г-дин Бојан Мишкоски, кој потсети дека само сè бара чист воздух, здрава средина, она што е загарантирано со закон.
– Тој исто така истакна дека тука нема да застанат и дека ќе го мобилизираат народот се до разрешница на овој долгогодишен проблем кој ги труе кичевчани, а најмногу младата популација.
Да потсетиме за овој проблем истражуваше и ИРЛ:
Кичево
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден

Кичевските матуранти, генерација 2021-2025 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Дождот не беше пречка за нивно славје. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование.
п.с. Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!
– Апел да внимаваат денес на својата и на безбедноста на сите други граѓани, да се памети и оваа година по убави спомени вашата матура!
Кратко видео од прославата пред гимназијата Мирко Милески – ТУКА
Со среќа!
Кичево
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата

Денес пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи третиот протест за настанатата дива депонија која тлее доста време и ги труе кичевчани. Организаторите и кичевчани уште еднаш ќе пробаат да извршат притисок врз надлежните институции веднаш да се зафатат со решавање на нашиот долгогодишен проблем, депонијата, која се наоѓа во градското подрачје, кај стар Керамички Комбинат.
Преку социјалните мрежи го повикуваат градоначалникот и советниците на Општина Кичево, да излезат на овој протест и да соопштат што превземале или што ќе превземат за решавање на овој проблем.
Во меѓуредови упатуваат порака дека протестот не е партиски, не е национален ниту религиски, туку граѓански протест и дека се строго забранети партиски обележја.
– Протестот според изворот е закажан за денес од 18:00 часот, пред новата зграда на Општина Кичево.
Фејсбук настан – ТУКА
-
Македонија1 ден
Граѓани пријавуваат дека од рано утрово се без електрична енергија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (18 мај)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (19 мај)
-
Македонија1 ден
АД Мепсо ја соопшти причината за падот на електричната енергија во раните утрински часови
-
Македонија2 дена
ОВР Делчево, ДПИ и ДЗС со акциска за угостителски објекти, пронајдена е нерегуларност
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци
-
Македонија3 часа
МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч
-
Македонија2 часа
Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата