Кичево
Во с.Извор кичевско отпочнува со градба црква „Успение на Пресвета Богородица“, централната свеченост е закажана за 28 октомври
Месец октомври 2023 година ќе биде запаметен во кичевскиот крај поради отпочнување на градба на првиот верски објект во село Извор, Кичево „Црква – Успение на Пресвета Богородица“ на 28.10.2023 година (сабота) во близина на изворите на река Треска, за кое од страна на Советот на локална самоуправа и Црковниот одбор на село Извор е закажана прослава за светењето на темелите со почеток во 12:00 часот со културно уметнички програм со настап на КУД Рацин, музичкиот состав Бели Мугри и уште неколку солисти од Кичево и околните градови, додека пак на настанот се очекува да присуствуваат повеќе од 600 посетители, од Кичево, Скопје и други градови од нашата држава.
За верскиот објект е обезбеден инвеститор од Скопје кој ќе донира средства за негова изградба.
Имено, на овој свечен настан како медиумски покровители кои ќе го проследат се најголемата национална телевизија „Канал5“, ние (Порта.мк), како и локалните радио станици од Кичево.

Поканети се сите верници, православни христијани, нивните роднини и пријатели да присуствуваат на прославата организирана по тој повод. Повелете, дојдете, заедно да ја споделиме нашата радост.
Имено токму денес се отпочнаа првите активности на ова место:

Историјат за село Извор
Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на самиот пат Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска. Селото е рамничарско, на надморска височина од 745 метри, од градот Кичево е оддалечено 14 километри.
Низ селото минува патот кој ги поврзува селата Попоец, Иванчишта, Ехлоец, Кленоец, Горна и Долна Душегубица со регионалниот пат Кичево – Охрид. Селото е основано по Втората светска војна, околу некогашната железничка станица на вовчето Киро на пругата Кичево – Охрид. Селото било значајна сообраќајна, железничка и трговска станица за поврзување на Кичево со Дебар, Охрид и Струга, место за забава и социјализација, за одмор и рекреација покрај изворите на река Треска, големите ливади и пасишта, спомен обележјата од НОБ, шумите и ловишта.
Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Извор, во која покрај селото Извор, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Кленоец, Малкоец и Попоец.
Во селото работеле Полициска станица, Амбуланта, Пошта, Училиште, Дом, сточарската задруга „Копачка“ со околу 4.500 овци, откупни станици за билки и волна, неколку бакалници и ресторани.
Во 1961 година, селото броело 163 жители, главно, доселени од околните места, во 1994 година имало 52 жители, во 2002 година, имало 49 жители, а во 2021 година имало само 12
жители.
Сега во селото сеуште работи Полициската станица, како и неколку стопаственици: Рибник Избор, фабрика за вода Бистра роса, неколку сепарации и каменоломи.
Со отпочнување на градба на автопатот Кичево-Охрид, во селото е базата на кинеската Синохидро и надзорното одделение на Градежен институт на Македонија ГИМ.
Кичево
ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во Кичево при што биле оштетени четири станови.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
На 14.12.2025 во 11:52 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улица „Ашим Мифтароски“ во кичевското село Другово настанал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(66) од истото село.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Кичево20 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза1 денВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Хороскоп10 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија17 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт1 денРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима



