Следете не

Култура

Утре е „Благовец“ празник на мајките, честит именден на Благој, Благица, Блаже..

Објавено пред

на

Името на празникот Благовештението е истоименито со Евангелието.

Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се нарекува на грчки јазик: Евангелизмос (ЈО Еујаггелисмовч), а на старомакедонски (црковно-словенски) јазик: Благовештение(БлаговѕГен·е). Составено е од два збора: блага + вест, радосна вест.

Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвете Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка. Таков е и овој празник. Со право некои го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка.

Полното име на празникот е: Благовештение на Пресвета Богородица. Се сретнува, обично во руски и црковно-словенски богослужбени книги и како Благовештение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија.
Бил именуван и како: Благовештение на Марија од ангелот, Зачнување Христово, Почеток на искупувањето, Почеток на спасението, Благовештение за Христа, а во ВИИ век е усвоено името: Благовештение на Пресвета Богородица.
Благовештение го празнуваат и Источната и Западната црква.
Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден.

Благовец празник на мајките

Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки Денот на мајките. Новото нецрковно време го заменуваше со празнувањето на 8 Март, па се подзаборава дека Благовештение е празникот на мајките.
На Благовец е денот на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание.

Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
Денес, бакнете ја мајка ви. На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Именден
Именден празнуваат: Благој, Блаже, Блажо, Благин, Благомил, Благомир, Благовестин, Благун, Евангел, Вангел, Блага, Благица, Благана, Блажена, Благојка, Благуња, Благодатка, Благовеста, Бонка, Вангелија, Евангелица и др.

Датум на празникот
Празникот Благовец е секогаш на 7 април (односно 25 март, по стар стил). Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници.
Постојат две причини за поврзувањето на Благовец со овој датум: Првата е поврзаноста со Божик, а втората, со создавањето на човекот.

Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум. Благовец е строго поврзан со Божик. Се празнува точно девет месеци пред Божик. Неговата поврзаност со Христовото раѓање не му дава да биде изместен, бидејќи тој е датумот на зачнувањето (7 април / 25 март с.к.), а девет месеци потоа е Раѓањето на Господа Исуса Христа (7 јануари / 25 декември с.к.).

Култура

По повод празникот во чест на Богородица на нејзиниот Источник „Балаклија“, покана за Пасхална литија до Господинец утре во Манастир Пречиста

Објавено пред

на

Возљубени поклоници на на Пречистанската обител, преку нашиот медиум, со особена чест ви соопштуваме дека по повод празникот во чест на Богородица на нејзиниот Живоносен Источник (Балаклија), Ве покануваме на пасхално торжество, проследено со свечена литија до местото Господинец.

Пасхалната Архиерејска Божествена Литургија ќе започне утре во 09:00 часот (петок), на која ќе чиноначалствува Епископ г.Партениј, а по неа ќе следува свечена литија до местото Господинец.

Ве покануваме на серадосната пасхална прослава, заедно со нашите сестринства и братсво, да земете дел во небоземната радост.

Погледнете ТУКА како беше ланската 2023-та година

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Денес во Струга се одржа традиционална величествена Литија, кичевчани ја носеа Крнинската икона на Мајка Богородица

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес 7-ми мај со голема чест и божја благодед бевме дел од традиционалната Литија во Струга со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Мајка Богородица. Стотици граѓани верници уживаа во дефилето кое до сега собра најголем број гости.

И оваа година чудотворните икони во дефилето беа носени од угледни граѓани покрај братството и сестринството од Бигорски манастир, Рајчица и Пречиста, додека поворката беше водена и придружувана од Полицијата, а токму напред дефилираше коњаник со симбол на мирот во рака и со воена облека, речиси идентична од древното време во Римската империја.

Еордијата исто така ја водеа Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј.

Оваа година за нас кичевчани е од големо значење, бидејќи Крнинската икона на нашата Мајка Божја – Богородица ја носеа угледна четворка, сите почести за нашите сограѓани Воислав Димоски, Јонче Митаноски, Сашо Стојкоски и Наум Личоски

На крај настанот се заврши со мини концерт на најмладите, учествуваа КУД „Бисер“ од Кичево, се пееја каланди од Хорот „Митрополит Козма Пречистански“, со голема радост на присутните

Во прилог преку нашиот објектив, погледнете ја нашата официјална галерија!

За многу години, вечна традиција!

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Најголемиот Христијански празник „Велигден“ во Св. Јован Бигорски е неповторливо духовно доживување, Христос воскресе!

Објавено пред

на

©porta.mk

Манастирот Св. Јован Бигорски е на боженствено место, па оттука може да се најде и објаснувањето за начинот на кој Велигден се доживува таму. Но тоа е само мал дел од приказната, која не може да ја долови ниту еден збор или слика. Опколено со планини, оддекот на планинското ехо со Христос Воскресе, едноставно вреска во душата.

Запалените свеќи на верниците од благодатниот оган од Ерусалим, даваа некоја чудесна магија на тоа место. Безброј ѕвезди на надеж за подобро утре и победа на доброто над лошото.

Мирисот на манастирот исполнет со најубавите свежи цвеќиња, може да се спореди со најскапоцени парфем, кој нема цена – се разбира.

Радосната вест за Христовото Воскресение, покрај со литургијата, песните кон Бога се прославува со попрскување на верниците со миро и со свежи цвеќиња.

Секој миг и момент се магија.

Еве мал дел од официјалната галерија преку нашиот објектив, бевме и посакуваме секогаш да припаѓаме таму за најголемиот христијански празник, повеќе ќе најдете ТУКА

Христос воскресе!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за петок (10 мај)

ОВЕН Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви...

Спорт5 часа

Македонските фудбалски надежи до 14 години одиграа нерешено против Словенија во вториот контролен меч

Македонската селекција до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две...

Магазин15 часа

Google претстави нов паметен телефон од серијата Pixel

Телефонот на Google може да привлече корисници од средна класа со одлична камера со опции за вештачка интелигенција. Google официјално...

Автомобили15 часа

Tesla во петок го прекина производството во германската фабрика, на работниците им е забранет влез

TESLA во петок ќе го прекине производството во фабриката Gruenheide во близина на Берлин, потврдија денеска од компанијата откако во...

Магазин15 часа

ChatGPT добива интернет прелистувач

Најавено е дека OpenAI ќе го претстави својот интернет прелистувач за ChatGPT на настан закажан за 9 мај 2024 година....

Магазин15 часа

Вештачката интелигенција заштедува околу 30 минути дневно на работа

Двајца од тројца работодавци не би вработиле некој кој нема вештини за вештачка интелигенција, а 71 отсто претпочитаат помалку искусни...

Магазин15 часа

Gmail: Како да креирате сметка за е-пошта на Google Workspace

Gmail е една од најстарите и најпопуларните услуги за е-пошта, која им нуди на корисниците збир на услуги на Google...

Магазин15 часа

Google ќе користи вештачка интелигенција за подобрување на сајбер безбедноста ВИДЕО

Новиот производ од Google се однесува на сајбер безбедноста и ги обединува проектите Gemini, Mandiant и VirusTotal. Луѓето и компаниите...

Култура1 ден

По повод празникот во чест на Богородица на нејзиниот Источник „Балаклија“, покана за Пасхална литија до Господинец утре во Манастир Пречиста

Возљубени поклоници на на Пречистанската обител, преку нашиот медиум, со особена чест ви соопштуваме дека по повод празникот во чест...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (9 мај)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

НАЈЧИТАНИ