Македонија
Утре е последното затемнување на „крвавата месечина“ до 2025 година
Ретко затемнување на „крвавата месечина“, последно до 2025 година, ќе се случи утре и ќе биде видливо од речиси целиот свет.
Овој спектакуларен астрономски феномен е познат како „крвава месечина“ поради чудната црвеникава нијанса што месечината ја добива и може да се набљудува без специјална опрема.
Следното целосно затемнување на Месечината нема да се случи пред 13-14 часот. Март 2025 година (во зависност од тоа каде се наоѓате), пишува порталот ScienceAlert.
Целосно затемнување на Месечината се случува кога Земјата ќе помине помеѓу Сонцето и Месечината, фрлајќи ја својата сенка врз Месечината. Додека директната сончева светлина е целосно блокирана, атмосферата на Земјата е доволно проѕирна за да дозволи малку светлина да помине до Месечината.
Утрешното затемнување на Месечината ќе трае 1 час и 25 минути, што е доволно време за набљудување, а ќе биде видливо од поголемиот дел од светот. Од Македонија целосното затемнување на Месечината ќе биде видливо во 9 часот и 16 часот.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп1 часХороскоп за вторник (9 декември)
-
Здравје и убавина1 денДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија5 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија10 часаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
-
Спорт4 часаАко не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
-
Свет16 минутиТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
