Временска прогноза
Утре и задутре во поголемиот дел од Македонија снег и дожд
Иако зимата сеуште календарски не започнала, сепак веќе ни пристигнува и вториот уште поголем и подолготраен снежен бран за оваа сезона. Овој снежен бран ќе трае два дена (петок и сабота), односно утре и задутре.
Во поголемиот дел од Македонија врнежите ќе бидат од снег и тие ќе бидат обилни (освен на некои пониски места каде ќе врне дожд, особено во централните и во југоисточните предели.
На планините и на Скијачките центри до сабота навечер ќе се формира снежна поркивка од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до околу половина метар. На пониските места со надморска височина од 500 метри па нагоре таа ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, понекаде и над 20 сантиметри. Снег ќе провејува и под 500 метри, особено во сабота.
Со овој снежен бран, првите врнежи од снег за оваа сезона ќе ги има и во делови од Скопската котлина.
- На возачите и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег, ги советуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и Скијачките центри, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Температурите за време на викендот и тоа наутро понекаде ќе се спуштат дури до околу -10 степени, на високите планини и под -10 степени. Многу студено ќе биде и преку ден со максимални дневни температури кој на повеќе места ќе останат околу нулата, понекаде тие ќе останат и негативни. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец (повремено и локално собрзина од над 60 км/час).
Мора да напоменеме дека најпрвин врнежите ќе бидат насекаде од дожд, и тое ќе започнат наскоро, односно во следните часови, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Циклонска активност викендов носи врнежи од дожд
Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со центар над Џенова, денес (петок) најпрвин во западните предели, а во текот на попладнето и вечерта, како и ноќта кон утре (сабота) ќе се прошират врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Најобилни врнежи се очекуваат во западните предели од државава, но локално пообилни врнежи ќе има и во останатите предели од државава. Локално, и тоа особено во западните предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).
И во Скопскиот регион денес (петок) особено во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер, како и со услови за појава на грмежи.
Што се однесува до температурите, тие во петок и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 29 степени, пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавената промена на времето следува од денес, почнувајќи од западните предели каде ќе започне локален дожд
Од денес (четврток) па се до крајот на неделава ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност која ќе биде со центар над Џеновскиот Залив. Во ваква ситуација, денес најпрвин во западните предели ќе има повремен локален дожд.
Од петок па за време на викендот повремени врнежи од дожд ќе имаме во поголем дел од државава и истите локално ќе бидат пообилни. Локално ќе има услови и за појава на невреме со силен ветер, грмежи и со услови за појава на град.
Да напоменам, дека за време на овој циклон повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час)
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бидат во значителен пораст, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 17 до 25 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 26 степени. Само да напоменам дека во овие денови локално во југоисточните предели, како и во централниот дел од државава, но и во Скопскиот регион повремено температурата ќе надминува и 25 степени. Инаку, и во Скопје од петок ќе има појава на повремени врнежи од дожд.
За време на овој циклонски систем, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), пишува познатиот метеоролог Славчо Попоски
Временска прогноза
Утринава зимски подпросечни температурни разлики, во Берово и Лазарополе ноќва температурата се спушти и под нулата!
Рано утринава во Македонија имаме претежно ведро и невообичаено студено време за овој период од годината, со потпросечни температури. Најстудено во 3 и 30 часот беше во Берово и Лазарополе до -1 степен.
На картата можете да ги погледнете и останатите температури измерени во Македонија, и тоа во 3:30 часот утринава, пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (9 октомври)
-
Кичево14 часа
(ФОТО) Вечерва во преполна сала се одржа третиот по ред „Концерт на млади пијанисти“ во Кичево, аплауз и честитки до сите учесници, кои им претстои богата музичка кариера
-
Кичево17 часа
Кичевчанец додека го шетал своето куче бил нападнат од глутница кучиња скитници
-
Македонија6 часа
На малопродажните објекти авто-плинот со нова покачена цена за литар
-
Спорт1 ден
Канатларовски: Молдавија ја дочекуваме со посебна желба и енергија за победа
-
Технологија2 дена
Samsung започнува да произведува најбрзи „SSD“ дискови
-
Спорт2 дена
Македонија до 21 година во петок игра против Молдавија, да ги бодриме нашите момчиња!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (8 октомври)