Следете не

Кичево

Утре ќе се изведуваат градежни работи на патот кон „Крушино“ – с.Кнежино, за таа цел ќе има времен прекин на сообраќај додека не се завршат активностите

Објавено пред

на

Градежна механизација и оператива на изведувачот ГД „Гранит“ – АД Скопје во текот на утрешниот ден (петок) 20.12.2024 во временски период од 10:00-13:00ч во делот на девијацијата кај месноста „Крушино“ и пат до с.Кнежино кичевско, ќе врши градежни активности – асфалтирање во делот на спојот на стариот со новиот поставен асфалт.

За таа цел се упатува молба до сите граѓани кои транзитираат до с.Кнежино, „Крушино“ или „Куќа на Уметноста“, односно кои ја користат оваа локална делница да имаат разбирање и трпение додека завршат активностите околу предвидените градежни работи кои според информациите ќе траат половина час, информираат од месната заедница на с.Кнежино преку своето електронско гласило knezino.mk

Кичево

(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Објавено пред

на

©porta.mk

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.

Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.

За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.

Прочитај повеќе...

Кичево

Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

Објавено пред

на

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид,  на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.

– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.

Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.

Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.

Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден12 часа

Времеплов: На денешен ден – 26 јуни

На денешен ден 26 јуни, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за четврток (26 јуни)

Овен Вашата загриженост може негативно да се одрази на ситуацијата на работа бидејќи на колегите им правите притисок без потреба....

Кичево17 часа

(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која...

Спорт19 часа

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата...

Спорт21 час

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта...

Lifestyle21 час

Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови

Температурите се зголемуваат, а престојот во затворен простор сè повеќе наликува на престој на директно сонце. Ако немате клима уред,...

Македонија23 часа

Во Охрид вчера се случила сообраќајка помеѓу моторџија и велосипедист

На 24.06.2025 околу 19:00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски...

Автомобили24 часа

Како да ја надминете летната жештина од 37 степени во автомобил: Трикови што навистина функционираат

Кога температурата надминува 37 степени, како што често се случува во Белград и другите балкански градови, климатизацијата во автомобилот станува...

Lifestyle24 часа

Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате

Со генерации наназад кружи митот: „Ако проголташ семка од лубеница, ќе ти порасне лубеница во стомакот!“ Иако ова е само...

Магазин24 часа

Windows 10 добива уште една година поддршка – Microsoft нуди и бесплатни опции

Иако беше најавено дека поддршката за Windows 10 ќе заврши на 14 октомври 2025 година, Microsoft реши да направи отстапка...

НАЈЧИТАНИ