Македонија
Утре сообраќај со времен прекин према Охрид поради изведување градежни работи (минирање)

Од АМСМ известуваат дека утре на ден 27.04.2021 (вторник) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во времетраење од 15 до 20 минути.
Македонија
ОВР Делчево, ДПИ и ДЗС со акциска за угостителски објекти, пронајдена е нерегуларност

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24:00 часот.
За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Исто така од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки, информира МВР.
Македонија
Кумановец управувал возило со 3,46 промили алкохол во крвта

На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од с.Долно Којнаре, кумановско.
При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,46 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
Македонија
Лишен од слобода косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

На 15.05.2025 околу 04.10 часот на автопатот Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ запреле и извршиле контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од турски државјанин, а кој сообраќал на релација Турција – Бугарија – Македонија – Косово. При прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација.
Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Кичево11 часа
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (17 мај)
-
Скопје1 ден
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем
-
Временска прогноза2 дена
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации
-
Временска прогноза1 ден
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски
-
Временска прогноза23 часа
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација