Следете не

Временска прогноза

Утре утринските тепмератури ќе се спуштат до -7°, ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Утрешниот ден ќе ни донесе многу студено време, односно од утрото кога температурите на многу места ќе се спуштат под нулата, со што во најголемиот дел од Македонија ќе се појави и првиот мраз за оваа сезона. Утринските температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени.

До понеделник ќе имаме стабилно време со многу повеќе сонце, а брзината на ветерот кој направи повеќе штети во Скопје и во Струмица и оштети возила значително ќе се намали.

Од вторник следува нова голема промена на времето, односно облачноста ќе се зголеми и кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат нови врнежи од дожд кој ќе бидат пообилни, а ќе продолжат и во деновите потоа, со што кон крајот на истата и понатаму е на видик големо заладување на времето кое ќе донесе врнежи од снег  и на пониските места.

Од понеделник ќе имаме и повисоки температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, а и наутро тие ќе бидат над нулата.

Сепак на повисоките планини ќе има врнежи од снег, но снежната граница ќе биде на надморска височина одо колу 2000 метри или повеќе, но повремено ќе се спушта и под 2000 метри.

Во текот на следната седмица во целиот регион снежната граница ќе се спушти и во градовите, со што се поголеми се шансите за првиот снег за оваа сезона и на пониските места. Се на се, во следниот период на Балканот го очекуваат многу врнежи, што од дожд, што од снег а и снежната покривка нема да недостасува. Циклоните од запад  и од северозапад ќе ни бидат многу честа појава во следниот подолг период.

За Порта.мк пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Дали грејната сезона оваа година ќе започне порано?

Објавено пред

на

По долгото и екстремно топло лето, се чини дека грејната сезона многу порано ќе ни започне и дека од куси шорцеви и маички директно ќе ги облечеме јакните. Почнувајќи од овој викенд, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат невообичаено ниски за месец септември, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север.

Температурите наутро речиси насекаде ќе се спуштат под 10 степени, понекаде и под 5 степени. Локално, особено во Беровскиот регион и на повисоките места температурите се очекува да се спуштат до близу 0 степени. Секако, на повисоките планини ќе биде уште постудено каде температурите ќе се спуштат дури и под нулата.

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица во Македонија не се исклучува можноста да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи дека и преку ден ќе биде значително посвежо.

Повремено сето ова ќе биде проследено и со пообилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и засилен ветер, што значи дека долготрајна стабилизација на времето нема на повидок. НАПОМЕНА: Поради продорот на многу поладен воздух од север, за време на викендот кој доаѓа, како и во текот на следната седмица, го очекуваме и првото провејување на снег на високите планински места во Македонија (над 2000 м.н.в), пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

(ВИДЕО) Најавениот циклон од „Средоземјето“ пристигна на Балканот, во хрватски Дубровник апел за не излегување од домовите

Објавено пред

на

Силно невреме го погоди Дубровник, а обилните дождови предизвикаа големи поплави. Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно Силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд речиси го потопи Дубровник. Градот е речиси целосно поплавен, автомобили „пливаат“ по улиците, а од шахтите се излева вода.

За кратко време наврнаа големи количества дожд, а попладне се очекува дополнително влошување на времето и уште пообилни врнежи, пишуваат хрватските медиуми. Хидрометеоролошкиот завод на Хрватска предупреди дека поради големото количество на дожд, кое може да достигне повеќе од 60 милиметри на квадратен метар, можни се прекини во снабдувањето со електрична енергија, прекин на телекомуникациските мрежи и водоснабдувањето. Жителите се предупредени да се подготват за уште посилно невреме кое може да предизвика поголема штета.

„Можни се штети на имот и дрвја, локални поплави, налети на ветер и град, како и прекини во сообраќајот“, соопшти хрватскиот хидрометеоролошки завод. По силното невреме кое го поплави градот, градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, апелираше граѓаните да не ги напуштаат домовите доколку немаат потреба.

Како што се наведува, лошото време ќе се задржи и во следните денови, па можни се дополнители поплавувања и тоа во целиот регион. До крајот на оваа недела, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север, на високите планини ширум Балканот го очекуваме и првиот снег за оваа сезона, пишува Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од вечерва драстична промена на времето во Македонија, ова се последните метео вести

Објавено пред

на

©porta.mk

Првиот бран на врнежи и тоа поврзан со Средоземниот циклон, кој полека ќе се преместува над Јадранот, ни пристигнуваат денес попладне и навечер, како и утре (вторник). Врнежи од дожд ќе има насекаде во Македонија, локално проследени со грмежи и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен правец, а утре (вторник) од северен правец.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопскиот регион денес попладне  и навечер, како и утре (вторник) ќе започнат врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за појава на невреме.

Апелираме во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено утре (вторник) кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Да напоменам дела за време на овој прв бран на врнежи, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2), информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

Во Кичево денес и официјално стартува со работа „Kelly Doner“, место каде ќе го најдете највкусниот донер!

Добредојде за „Kelly Doner“. Во Кичево денес и официјално стартува со работа реномираниот локал за брза и квалитетна храна каде...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за четврток (12 септември)

ОВЕН Може да очекувате промени кои ќе ве доведат до деловен успех. Околностите на ова поле ви одат од рака....

Кичево22 часа

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во сабота и недела преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови...

Спорт1 ден

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години од денес до 15-ти септември на меѓународен турнир во Италија, Милеска го истакна списокот на фудбалерки

Младата женска репрезентација на Македонија од 11 до 15 септември ќе биде учесник на меѓународен турнир во Италија. Покрај домаќинот...

Магазин1 ден

Sony конечно го претстави PlayStation 5 Pro и ги налути гејмерите

Конзолата на Sony ќе биде пуштена во продажба на 7 ноември, а објавена е и листа на првите игри кои...

Магазин1 ден

Huawei во предпродажба повеќе од 3 милиони нарачки за Mate XT

Huawei собра  за својот тројноповеќе од 3 милиони нарачки преклопен телефон Mate XT. Информацијата беше објавена на официјалната веб-страница на...

Култура1 ден

(ФОТО) Во Бигорскиот Манастир тројца нови монаси во прегратките на Христовата љубов

Нема сомнение дека монаштвото е една највеличествена света тајна во Црквата Божја. Во една прилика, нашиот Старец, Епископот г. Партениј...

Кичево1 ден

Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943 година пред 81 година станува првоослободениот град во Македонија

На денешен ден, 11 септември 1943, пред точно 81 годинa по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици...

Култура2 дена

Денес е тежок празник – Отсекување на главата на Св. Јован Крстител и се јаде посно

Православните христијани денес го одбележеуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. Празникот посветен на погубувањето на св. Јован...

Спорт2 дена

Петраков: „Моите играчи вечерва како да не ги препознав, товарот за негативниот резултат со играч повеќе го преземам лично“

Олександр Петраков после мечот на прес конференција додаде збор-два за неговата селекеција, односно за поразот на градски во Скопје. За...

НАЈЧИТАНИ