Македонија
„Мото дефиле“ утре во Охрид, гости ќе бидат мотоциклисти членови на ИПА од националните секции на Србија, Хрватска и Македонија
50-тина моторциклисти, членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од Националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, утре напладне доаѓаат во Охрид. Тие, кај Подмољје ќе бидат пречекани од членови на мото секцијата на ИПА Охрид како и од членови на мото клубовите од Охрид. Оттука, ќе започне заедничкото мото дефиле кое, ќе се одвива по булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“ до градското пристаниште каде е предвидена и изјава за новинарите.
Моторџиите од ИПА Националните секции на Србија и Хрватска, доаѓаат во македонија на покана на ИПА Македонија во рамките на Меѓународниот караван на пријателството. Тие денеска пристигнаа во Скопје каде, утре ќе го одржат мото дефилето по што, утре наутро, преку Тетото, Гостивар и Кичево, караванот го продолжуваат во Охрид.
Во древниот Охрид, ќе ги разгледаат и најзначајните културно историски знаменитости и локалитети на градот.
Меѓународниот караван на пријателството во чие одржување значајна улога има и МВР и СВР Охрид, моторџиите од ИПА националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, го продолжуваат кон Битола и Прилеп, за порта.мк истакна претседателот на домашната ИПА, г-дин Стефан Димоски.
Македонија
Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!
Денес 25.01.2025 изминуваат 44 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен талент, позитивна енергија која зрачеше од миг во миг и секогаш со љубов за сите.
Уметникот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.
Нашиот Тоше позади себе остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.
И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.
Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!
Македонија
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(36) од Република Турција, поради тоа што околу 01.30 часот бил забележан како со патничко возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти, петмина од Египет и едно лице од Сирија. При даден знак од полициските службеници, Ј.Т. не застанал, но по преземени мерки возилото е сопрено во близина на клучката Прдејци кон селото Кованец, гевгелиско.
По целосно документирање на случајот против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар „Винојуг“ за понатамошна постапка, истакнаа од МВР.
Македонија
На гранична линија со Грција приведен 23-годишник од Бангладеш, фатен бил со група од осум мигранти од Непал
На 21.01.2025 во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, информира МВР.
-
Кичево2 дена
Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (25 јануари)
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (24 јануари)
-
Македонија21 час
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
-
Социјални мрежи17 часа
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари
-
Спорт2 дена
ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија
-
Македонија5 часа
Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!