Случувања
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 4,1 според Рихтер

Сеизмолошкото одделение на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес во Албанија утрово во 4 часот и 19 минути.
Епицентарот бил на само 11 километри од Подхум во Црна Гора.
Јачината на земјотресот во хипоцентарот била 4,1 единица по Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет од 5-тиот степен од Меркалиевата скала (МЦС), објави порталот Аналитика.
Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот на овој земјотрес бил лоциран на длабочина од 16 километри.
Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.
Временска прогноза
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи

Попладнево сеуште под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка е МНОГУ ТОПЛО и СПАРНО. Сепак Атмосферата полека се се дестабилизира и локално и тоа особено во западните и северните предели има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На следната карта можете да ги погледнете измерените температури низ Македонија во текот на денешното попладне
До крајот на денов и вечерва и тоа поради продор на студен фронт од север, во Македонија времето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на силен ветер, избегнувајте вашите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.
И во Скопската котлина до крајот на денов и вечрва ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град.
Утре и во четврток температурите ќе опаднат за 5 до 6 степени во споредба со оние кои ги имаме сега, додека од петок па за време на викендот следува нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре во Македонија.
Автор: Славчо Попоски
Македонија
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава

На 16.05.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик, извршено од страна на три лица, од кои еден државјанин на Белгија.
Имено, белгискиот државјанин Л.Д.С. во временскиот период од февруари до мај 2022 година, со намера да овозможи вршење полови дејствија со дете или други форми на сексуална експлоатација во Белгија, планирал и со лицата Е.А. и Ф.Б. -родители на детето, договорил склучување на присилен брак помеѓу него и нивната малолетна ќерка , односно дете со неполни 14 години.
Заради остварување на својата намера да го однесе детето во Белгија, Л.Д.С. во повеќе наврати престојувал на територија на Република Северна Македонија. Со цел да се обезбедат лични документи за патување за детето , Л.Д.С. на родителите на детето им дал околу 2.500 евра, и во неколку наврати преку брз трансфер на пари Union“ од Белгија на Е.А. му испраќал парични средства во различен износ.
Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 16.05.2022, извршен е претрес на дом и други простории каде времено престојуваат Е.А. и Ф.Б. во Струга, од каде е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело, додека на Меѓународен аеродром – Скопје е извршен претрес над лицето Л.Д.С., по што трите лица се лишени од слобода.
Истиот ден (16.05.2022), ОСОСК-СКИ-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против Л.Д.С. (38) од Белгија и Е.А. (33) и Ф.Б. (34) од Скопје, а со привремен престој во Струга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418- г став 2 од КЗ. Денеска (17.05) лицата ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.
Извор: МВР
Временска прогноза
Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално и тоа особено во западните и во северните предели ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа утре и во четврток под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за 5 до 6 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така утре ќе дува засилен ветер од северен правец, а ќе има појава и на повремен локален пороен дожд проследен со појава на грмежи.
Нов значителен пораст на температурите на воздухот ќе има од петок па за време на викендот, и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава.
Напомена: Наглите промени на времето кој следуваат деновиве, особено во поглед на температурите, негативно ќе влијаат врз здравјето на граѓаните, односно овие денови особено кај метеопатите можна е појава на нервоза, болки во коските и на местата од стариете рани, како и повремена нервоза, но и несоница. Доколку граѓаните овие денови почувствуваат значителни здравствени проблеми, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар за совет.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (17 мај)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на бензините, ова е цената која ќе стапи на сила од полноќ
-
Кичево1 ден
Отворени работни позиции во водечкиот Интернет & TV оператор „Cable Call“ по одлични работни услови
-
Македонија11 часа
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
-
Временска прогноза5 часа
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи
-
Lifestyle2 дена
Се случи првото целосно затемнување на Месечината оваа година
-
Временска прогноза14 часа
Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..
-
Магазин10 часа
Доаѓаат големи промени во iOS 16