Временска прогноза
Важна метео информација, викендов ќе паѓа снег на секаде во Македонија

Од овој викенд, како и во почетокот на следната недела, територијата на целата наша Македонија ќе биде зфатена од голем влажен и ладен воздушен бран од север. Во ваква ситуација ќе имаме обилни врнежи кои проследени со засилен северен ветер кој ќе услови големо заладување на времето, ќе преминуваат во снег насекаде во Македонија.
Насекаде ќе се формира снежна покривка, на повеќе места позначителна и тоа со висина од 10 до 20 сантиметри, локално и до, па и над 30 сантиметри (во градовите), а на планините како и на Скијачките центри постојаната снежна покривка значително ќе се зголеми, и тоа за над 50 сантиметри, па дури и за околу еден метар.
Со овој снежен и ладен бран од север, конечно снежна покривка ќе добие и Скопската котлина и секако околината. Во Скопје се очекува снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, а во околината, како и на околните планини таа ќе биде значително повисока.
Овој бран кој ќе ја зафати Македонија, ќе биде доста изразен и во вид на снежно невреме, а поради појавата на засилен северен ветер ќе има појава на снежни наноси.
Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, а и максималните дневни на многу места во Македонија ќе останат до околу, па и под нулата, а само во југоисточните предели тие ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ ДОКОЛКУ ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД: Поради очекуваните обилни снежни врнежи, особено од ноќта сабота кон недела, како и во недела препорачуваме возачите да бидат крајно внимателни доколку патуваат низ планинските превои, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица. Секако, доколку немате потреба или не е хитно, овој викенд без потреба не патувајте низ планинските превои, поради тоа што ќе се формира нова и голема снежна покривка, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во нашата Република Македонија ќе биде потопло, особено преку ден, но како што претходно кажав, некое големо затоплување и температури кои доликуваат за втората половина на месец мај не очекувам. Ти речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие очекувам да надминат и 25 степени. Сепак наутро ќе биде сеуште ладно, особено во почетокот на седмицата.
Времето, особено во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди. Во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира, и локално ќе се развиваат грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално, не ја исклучувам можноста и за појава на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопскиот регион во текот на седмицата во попладневните часови, повремено очекувам развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предмалку соопшти Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите очекувам да се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.
– Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од Македонија, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во Крушево, и тоа 28 литри на метар квадратен и во Охрид 24 литри дожд на метар квадратен.
На табелата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 20 часот по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен, и тоа на мерните станици на УХМР, пренесува Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (19 мај)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (20 мај)
-
Македонија1 ден
Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата
-
Македонија1 ден
МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч
-
Македонија1 ден
Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар
-
Здравје и убавина2 дена
Положбата на спиењето кај луѓето е многу важна за здравјето и метаболизмот
-
Скопје1 ден
Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер
-
Lifestyle1 ден
Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика