Македонија
Важно известување од АМСМ, оваа делница кај Демир Капија ќе биде со времен застој за сообраќај поради градежни активности
Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Демир Капија-Давидово“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 06.07 до 20.07.2023 година, ќе биде затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово во периодот од 10:00 – 16:00 часот, известуваат од АМСМ.
Македонија
Нов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О. (20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, известува МВР за јавноста.
Македонија
Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја извојува најважната битка за здравствена состојба.
Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Сега сме најважни за нашиот другар кој често доаѓаше и има своја фамилија во Кичево.
Ве молиме, доколку сте во можност, да му помогнеме на Ивица во неговата борба за живот.
Донации може да се уплатат на:
Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653 на име „Ivica Poposki“
Девизна сметка 02-307-0699762.3
Број за донација Телеком: 143107
Број за донација А1: 143474
Извор: охриѓани (facebook)
Македонија
Пријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.
Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, известуваат од МВР.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за недела (16 ноември)
-
Скопје1 денЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт1 денДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Спорт7 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза1 денОд вторник следува промена на времето во Македонија
