Македонија
Важно известување од АМСМ за утре, ќе се изведуваат работи на пат кај делница „Длабочица – Чатал“

Од АМСМ известуваат дека поради изведување на работи на Минирање при изградбата на експресен пат А2 делница Длабочица – Чатал на ден 01.03.2023 среда во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е преќин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на река Блидеш.
За време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.
Македонија
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,649 ден/кг и сега ќе изнесува 38,130 ден/кг.
Од 21.3.2023 година цените на нафтените деривати ќе бидат следните:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар):
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар);
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Авто-плинот за сега е со иста непроменета цена за литар, односно 50 ден/лит.
Ќе има ли конечна промена периодот пред нас или не, останува да видиме, со оглед дека ова погонско гориво не потпаѓа под РКЕ. Карактеристично за ТНГ секогаш било намалување на неговата цена за литар во пролетно-летниот период.
Македонија
Од ноќеска дизелот и бензинот со намалена цена, еве по колку ќе чини..

Од полноќ бензинот еуросупер БС-95 и Еуродизелот поевтинуваат за 2 ден за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто.
Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 81,5, а на еуродизел 75,5 денари за литар. Еуросупер БС-98 и понатаму ќе се продава за 85,5, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 76,5 денари за литар.
Македонија
АМСМ: Поради работа на пат од денес до сабота времена забрана за сообраќај кај делница 4 од с.Ногаевци до с.Виничани

Од АМСМ известуваат дека поради вградување на асфалтен слој(асфалтирање), од денес 15.03.2023 до 18.03.2023, ќе биде затворена за сообраќај Делница 4 (делот од с. Ногаевци до с. Виничани) од 08:00 – 16:00 часот.
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево3 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 март)
-
Кичево31 минута
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза23 часа
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!