Кичево
Важно известување од Кичевска парохија по повод претстојниот празник
Кичевското архиерејско намесништво ја известува својата паства дека на ден 18.12.2022 година, во недела ќе НЕМА Утрена Богослужба ниту Света Божествена Литургија со цел да можат парохиските свештеници да стигнат секаде навремено и да ги осветат славските лебови во чест на свети Николај Мирликијски и да одговорат на потребите од верниците кои го слават и го чествуваат овој празник.
Празникот посветен на свети Николај Мирликијски е широко распространета слава и именден, па затоа Литургија ќе има во понеделникот за празникот на овој светител и ерарх на Црквата, а во неделата на 18.12.2022 година ќе се осветуваат славските лебови од 06³⁰ часот, па сѐ до 16⁰⁰ часот, поточно до почетокот на Вечерната Богослужба.
Свештенството ви благодари за вашето разбирање и ви посакува до тогаш добро здравје и лесни пости, па празникот на свети Николај Мирликијски да биде добро прославен и со учество на голем број на верници на празничната служба во понеделник на 19.12.2022 година за да се помолиме за сите и за сѐ, известуваат од Кичевска парохија.
Кичево
(ФОТО) Одрон на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно кај кичевското село Белица
Предмалку до нашиот медиум пристигна информација дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно помеѓу кичевските села Белица и Кладник има остатоци од карпа (одрон) на сама кривина.
Кон местото исто така се забележани екипи на ЈП Македонија Пат, што значи, апелираме за поголемо внимание во сообраќајот, додека се санираат остатоците од одронот.
Напомена: Овој регион поради обилните врнежи од дожд/снег речиси секоја година се случуваат слични случаеви.
Кичево
Кичевчанец заработи кривична пријава поради основно сомнение дека сторил дело „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување на исправа“
СВР Велес поднесе кривична пријава С.А.(28) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување на исправа“.
На 01.12.2024 на автопатот Гевгелија – Демир Капија, пријавениот во патничко возило „волво“ со регистарски ознаки од друго возило превезувал тројца мигранти, известува МВР.
Кичево
Во сабота е првата проба на најмилите дечиња за кичевската „Бадникова поворка 2025“, нека биде до сега најголема, а сите дечиња гласно да го опеат Христовото Рождество!
Како и секоја година со исклучок на пандемијата, така и оваа по 13-ти пат под раководство на г-дин Бошко Сарафилоски, најмладите ќе маршираат и во хор ќе ги пејат најубавите песни по повод Рождеството Христово.
Како што стои во соопштението од организацијата, на која секоја година даваме голема поддршка, г-дин Сарафилоски ексклузивно истакна дека се очекува бројот на деца драстично да се зголеми од лани, така што сите родители кои се заинтересирани за учество на нивните најмили во „Бадниковата поворка 2025“, нивните дечиња можат да ги донесат на премиерната, односно првата проба која ќе се одржи во сабота (7 декември) во просториите на нашата градска црква св.Петар и Павле од 13:00 часот.
Последното официјално видео изгледаше вака:
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (6 декември)
-
Кичево19 часа
(ФОТО) Одрон на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно кај кичевското село Белица
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (5 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Најава за пообилни врнежи од дожд во западниот регион од државата
-
Занимливости2 дена
Новиот универзум е тука, зад аголот е откриена ѕвезда три пати потопла од Сонцето
-
Спорт14 часа
Едоардо Бове фудбалерот од Фиорентина кој колабираше на терен, постои можност неговата професионална кариера да ја заврши
-
Автомобили1 ден
Вистина или мит: Дали е штетно полнењето гориво додека работи моторот на автомобилот?
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 5 декември