Кичево
Важно известување за учесниците за изнесување на Светиот крст по повод празникот „Богојавление – Водици“ – Кичево

Се известуваат сите православни верници кои сакаат да земат учество за изнесување на Светиот крст од осветените води за празникот Богојавление – Водици, да се запишат во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево и притоа да бидат КРСТЕНИ во Христовата православна вера, а не само традиционални верници од православно семејство.
Запишувањето започнува од петок, 12.01.2024 година и ќе може секој да се запише до четврток, 18.01.2024 година од 08⁰⁰ часот до 16⁰⁰ часот.
Верните чеда се замолуваат да пристапат со вера кон овој настан и со присуство (заедничарење) на Светата Божествена Литургија на самиот ден на 19.01.2024 година.
Ви благодариме на разбирањето, упатуваат преку официјално соопштение од кичевското свештенство, а ние го пренесуваме во целост.
Бонус видео:
Кичево
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.
– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.
Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.
Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.
– Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.
Кичево
(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ започнува зонско паркирање кое според постапката е започнато уште во 2015 година, тогаш со речиси завршени сите консултации со сите релевантни чинители кои се надлежни во оваа процедура дури сега се превземаат активности околу неговата конечна реализација.
Како што наведуваат од „ЈП Комуналец“ – Кичево, стартот со работа се очекува да биде овој понеделник, односно 16.06.2025 г, додека градското подрачје ќе биде поделено во три зони, „Зона А, Б и Ц“ (K11 до К34)
Според приказот објавен на претпријатието сите инструкции за наплата ќе бидат на самите таблички, а бројот за смс пораки ќе биде 144144.
Според информациите, наплатата ќе биде до 30 денари, односно 20 или 10 денари од час, од 07:00 до 22:00 часот
– Претходно кичевчани во јавноста беа со поделено мислење, некои од нив додаваа дека тоа е нов удар по нивниот џеб, некои пак се конечно задоволни што колку-толку ќе се реши сообраќајниот хаос во шпицот на сезоната во паркинг секторот.
Во секој случај, ваквиот пристап го има речиси во сите градови во Македонија и поголемиот дел од граѓаните веќе ги користат услугите на платен и обезбеден паркинг простор.
-
Lifestyle1 ден
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија10 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Хороскоп42 минути
Хороскоп за петок (20 јуни)
-
Скопје1 ден
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје8 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Спорт4 часа
Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал