Кичево
Вчера 16 возачи од Кичево ја пречекориле дозволената брзина за движење

Вчера на 03.05.2021 година во времето од 10 до 16 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 77 возачи на патнички автомобили кои ја пречекориле дозволената брзина на движење : Охрид 14 ( 06 надвор од населено место и 08 во населено место), Струга-26 (11 надвор и 15 во населено место), Кичево-16 (05 надвор и 11 во населено место), Дебар-21 (15 надвор и 06 во населено место). Во Охрид, со специјално возило „пајак“, подигнати се 03 патнички возила поради неправилно паркирање на коловоз.
Извор: Стефан Димоски
Портпарол: СВР Охрид
Кичево
(ФОТО) Во кичевската гимназија „Мирко Милески“ денес за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матуранти

Во училишниот двор на ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матурантите од генерацијата 2021/2025. Класните раководители им ги врачија дипломите, а присутните беа поздравени од директорот Бранислав Стојаноски, кој им посака успех во понатамошното образование.
Од име на матурантите, говор одржа Ивона Димоска, изразувајќи благодарност до професорите за нивната посветеност во изминатите четири години.
Видео и галерија од денешниот настан:
Кичево
Вчера малолетник од Кичево се здобил со тешки телесни повреди управувајќи електричен тротинет во сообраќај

На 10.08.2025 во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З. (49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, истакна МВР за јавноста.
Кичево
(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето

Денес 08 август пред храмот „Св.Параскева“ позната како „Св.Петка“ во кичевското с.Мидинци се освети новиот Крст, симбол на нашата вера, надеж и вечен живот. Со голема желба, љубов и почит го дарува кичевчанецот Александар Велјаноски, наш пријател, кој потекнува од истото село.
Крстот е знак на победа над смртта, на љубовта Божја кон луѓето, денес го подигаме не само како духовен знак, туку како сведоштво дека нашата вера живее и се пренесува од поколение на поколение.
Голема благодарност изразуваме во име на црквата, селото и останатите до сите други кои помогнаа со своја работа, време, средства и љубов за реализација на овој чин. Вашиот придонес е духовен темел врз кој се гради заедницата, истакнаа мештаните на свечената манифестација одржана рано утрово во село Мидинци.
Инаку, Црквата „Св.Петка“ има богата и посебна историја. Нејзината првобитна локација била на повисоко место, но поради изградбата на железничката линија Скопје-Кичево, таа била преместена и повторно изградена далечната 1952 година, со помош на градежното претпријатие „Гранит“, а осветена била во 1963 година.
Денес на покана од г-дин Велјаноски бевме во посета на овој преубав храм, така што ТУКА направивме кратка видео репортажа во чест на големиот чин кој е за сите почести
За многу години!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата
-
Македонија2 дена
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото
-
Спорт2 дена
Македонската фудбалска репрезентација во Чешка ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во рамки на ФИФА терминот
-
Временска прогноза23 часа
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Технологија2 дена
„Google“ објави нови месечни ажурирања за својот систем за „Android“ уреди, еве што е ново
-
Македонија16 часа
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило