Македонија
Вчера бил спречен шверц на стока за широка потрошувачка на Граничен премин Долно Блаце
На 01.06.2022 на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници извршиле контрола во две патнички возила и задржале четири косовски државјани, затоа што во возилата била пронајдена поголема количина на стока за широка потрошувачка без потребните документи.
Имено, во 14.15 часот бил извршен преглед во возило „фолксваген бора“, со косовска национална ознака, управувано од Р.С.(30), во кое совозач бил А.Т.(31), двајцата од Косово. При преглед во возилото, во делот за резервна гума била пронајдена стока за широка потрошувачка без документи.
Во 15.20 часот, пак, била извршена контрола и на патничко возило „фолксваген голф“, исто така со косовска национална ознака, управувано од Ќ.Ц.(23), во кое совозач бил Г.И.(29), двајцата од Косово. При контролата било констатирано дека возилото било натоварено со стока за широка потрошувачка без документи.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока лицата и предметите биле предадени на царински службеници за понатамошна постапка.
Извор: МВР
Македонија
Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, истакна РКЕ.
Македонија
АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово известува АМСМ.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без проблем да ги користат своите дебитни и кредитни картички при плаќање гориво и други производи, дознава Порта.мк од релевантни извори.
Од денес, на сите бензински станици низ државата што се дел од мрежата на „ЛУКОИЛ Македонија“, плаќањето со „VISA“ картички е повторно целосно овозможено и функционира непречено.
За граѓаните ова значи враќање на целосната функционалност и олеснета услуга при користењето на платежните картички на бензинските станици од „ЛУКОИЛ Македонија“, ширум Македонија.
-
Кичево1 денОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија22 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Кичево4 часаОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп16 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза15 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Lifestyle3 часа„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Магазин1 денGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност
