Македонија
Вчера на превој „Пресека“ на магистралниот пат Охрид-Кичево, „фолксваген поло“ излетало од коловоз, сопатникот бил тешко повреден
На 15.12.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, на превој Пресека, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(69) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник во возилото А.Г.(55), а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Ѓ.К.(50), двајцата од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за среда (24 април)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Lifestyle2 дена
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин2 дена
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука
-
Магазин15 часа
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин15 часа
Meta се затвора во Турција
-
Спорт9 часа
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал