Следете не

Кичево

Вчера на превој „Стража“ во близина на с.Тајмиште се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и автомобил

Објавено пред

на

На 04.11.2023 во 06.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(61) од с.Слатина, скопско и патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(37) од с.Калишта, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“, Б.И.(67) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево, истакна Министерството за внатрешни работи.

Кичево

„АТВА Маркет“ 4 слави роденден, по тој повод имаат производи со акциски цени!

Објавено пред

на

Нова роденденска акција, во АТВА 4 маркетот кој се наоѓа на Ул. Солунска бр 27, во населбата раштански пат.

👉Голем број на производи по намалени цени!
👉Акциски производи 1+1 гратис!

Искористете ја оваа одлична акција која трае од 15.07 – 17.07.2024

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Манифестација за паметење, 10-то јубилејно мото-дефиле по повод кичевската црква „Св.Петар и Павле“

Објавено пред

на

Денес по повод патрониот празник на нашата православна црква од Кичево „Св.Петар и Павле“ – „Петровден“ успешно се реализираше јубилејната 10-та по ред мото-парада низ кичевските улици.

Упатуваме јавна благодарност до БПС-ОВР Кичево за нивниот професионализам и целосната поддршка околу безбедноста во сообраќајот додека минува поворката, екипата на „Фото Зоран“ и Јован Ангелески кои стануваат наш „петровденски“ партнер, доброволно пристапија да ни помогнат моментите со фотографија да останат за секогаш, благодарност до Хотел „Кичево“ за отстапеното место и резервации за сите учесници, така што оваа година за расположение на присутните организираа свирка во живо со „Future Band“.

Исто така ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме и на свештениците од Кичевската парохија нивното блаженство за благословот традицијата да трае и се разбира за даровите кои секоја година по тој повод учесниците ги добиваат.

Официјално видео:

Во прилог галерија од настанот

Фотографии:

Прочитај повеќе...

Кичево

Петровденска забава со Даниел Крстески и „Future Band“ во Хотел Кичево

Објавено пред

на

По повод 10ти јубилеј, ве очекуваме на добра дружба со ДАНИЕЛ КРСТЕСКИ И FUTURE BEND во прекрасна атмосфера на летната тераса од реномираниот Хотел Кичево.

Ве очекуваме заедно да ја прославиме убавата традиција на нашиот град овој пат со добра музика и одбрано друштво!

Обезбедени се ПАРКИНГ места за сите учесници на мото парадата

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин5 часа

Лесен начин за подобрување на безбедноста на лозинката

Додавањето броеви на лозинките не ги прави многу побезбедни. Но, ако еден од тие броеви е седум (7), лозинките ќе...

Магазин5 часа

Google најави нов мобилен телефон: Погледнете на кој пазар доаѓа

Google најави одржување на настанот на 14 август, со што ги потврди претходните гласини за презентација на нови производи. Во...

Автомобили5 часа

Голем пад на Tesla во САД

Вo Калифорнија, бројот на нови регистрации на Tesla падна за 24% во текот на вториот квартал, покажуваат податоците на дилерите,...

Lifestyle5 часа

Што се случува во вашето тело ако престанете да пиете газирани пијалоци? 4 работи се клучни

Тие се освежителни и примамливи, но поради шеќерот и разните адитиви, газираните пијалоци се ставени на црната листа на пијалоци....

Временска прогноза10 часа

Попладне и вечерва следните региони во Македонија под ново невреме?

Како резултат на поладен атмосферски фронт во горниот слој од атмосферата, денес (петок) во попладневните и во вечерните часови повторно...

Хороскоп19 часа

Дневен Хороскоп (19 јули) – петок

ОВЕН Иако не треба да очекувате посериозни проблеми, ќе имате прилично тешко да ги држите работите под контрола. Не верувајте...

Македонија1 ден

За помалце од месец СВР Охрид изрече 70 санкции за мотоциклисти, без возачка, шлем и за оние кои предизвикуваат бучава

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од почетокот на јули, реализира 70 акциски контроли кон возачите на мотори...

Македонија1 ден

СВР Охрид со превентивни кампањи за заштита од пожари за туристите кои патуваат преку Галичица

Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од Полициската станица за...

Магазин1 ден

Кој има подобра вредност телефоните со Android или Apple?

Листата на топ 20 користени телефони со Android и Apple според износот на пад на вредноста на месечна основа за...

Магазин1 ден

Google Maps тестира корисна функција, дали ја имате и вие?

Live Activities е корисна опција што ја има iOS, но за жал не се користи доволно. Google Maps прво објави...

НАЈЧИТАНИ