Следете не

Кичево

Вчера ОВР Кичево санкционира 7 возачи кои возеле моторни возила со брзина поголема од дозволената

Објавено пред

на

Вчера на 13.11.2022 година во периодот од 08:00 до 13:00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Кичево, полициските службеници затекнале и санкционирале 7 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Кичево

Вчера вечер се случила тешка сообраќајна несреќа на влез во Кичево

Објавено пред

на

©porta.mk

Околу 21:30ч вчера вечер на магистралниот пат на влез во град Кичево во близина на градска пекара се случила тешка сообраќајна несреќа каде учествувале две патнички моторни возила караван VW Passat и Ауди.

Според очевидци, се говори дека причинета е поголема материјална штета, односно возилата биле доста оштетени од силината на ударот.

Подетални информации околу здравјето на учесниците во возилата немаме, според неофицијални извори екипи на Медицински центар – Кичево интервенирале упатувајќи се кон клиниките во град Скопје.

Повеќе очекуваме во текот на утрешниот билтен на СВР Охрид.

Дополнување од дневниот билтен на СВР Охрид за несреќниот настан вчера:

– На 01.02.2025 година во 21.33 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека кај „Осломејшка раскрсница“ кај Кичево, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки што го управувала Е.А.(36) од кичевското село Зајас и „Ауди“ со охридски регистарски ознаки,управувано од А.Н.(39) од Охрид. Тој, како и сопатничката во второто возило Д.Р.Т.(66) од Охрид, се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени на Ургентниот центар во Скопје додека вториот сопатник во второто возило, С.Т.(65) од Охрид, се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Кај Е.А. која го управувала првото возило, во Општата болница во Кичево биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера во Кичево глутница бездомни кучиња нападнале 12 годишно момче

Објавено пред

на

©porta.mk

На 30.01.2025 во 14.15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улица „Прилепска“ во Кичево, неколку кучиња скитници нападнале 12 – годишно момче од Кичево, кое со повреди било однесено во Општа болница во Кичево. Таму,  му биле констатирани телесни повреди и му била пружена медицинска помош.

Дополнително, вечерта на 30.01.2025 во 21.30 часот, А.З.(41) од Кичево во надлежна полициска станица пријавил дека на улица „Прилепска“ во Кичево, бил каснат од куче скитник, за Порта.мк информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Граѓаните постојано апелираат бездомните кучиња да добијат згрижување и стационар, со цел да се избегнат несакани последици кои за жал зачестуваат.

Прочитај повеќе...

Кичево

Учесници, спонзори, помагатели, фирми и луѓе со големо срце кои дадоа свој придонес за мега спектакуларниот кичевски „Хуманитарен Божиќен Базар“

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани граѓани, изминува месец јануари, но емоциите од „Божиќниот Базар“ кој се одржуваше традиционално по 4 пат на градскиот плоштад во Кичево од 2 до 9 месецов не стивнуваат. Не стивнуваат од едноставна причина, затоа што неговиот карактер е „Хуманитарен“, но и самото дело има големо значење за град Кичево, покажавме дека кога се сака се може, заеднички за една цел!

Со овој натпис сакаме да се изрази посебен почит и благодарност до сите учесници, спонзори, лица поединци и оние кои сакаа да останат анонимни во целост.

Спонзори на манифестацијата кои ги заслужуваат сите почести:

  • Ние, „Порта.мк“ (Идеологикс Медиа) – Кичево
  • „Се за 99 ден“ – Кичево
  • „Ел Мони“ мермери – Кичево
  • Печатница „Нуки Ипчја“
  • Бакарди
  • Вермида Пром – Другово
  • Андроко Маркет
  • АТВА Маркети / АТВА Спорт
  • Персонал вработени од Кипер Маркети
  • Република
  • Универзал Фикс
  • Рибен Ресторан „Добреноец“
  • Куќаре на планина (Ехлоец)
  • Tobacco Toys
  • BabyShop
  • Еуро99
  • Технички преглед / АМСМ Кичево
  • Аура
  • Бутик Мапе / Mape
  • Beauty EM
  • Sara Fashion
  • Niki Toys (Сашка Софеска)
  • Fitness Club – Dynamic
  • LLGurmet – Вработени
  • Парти Сервис Лео (Драган Костадиноски)
  • Кебапчилница „Чаче“ – Кичево
  • Мебел „Наум“ – Охрид
  • НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево
  • Квадрат Кафе
  • Бронкс / Bronx
  • Ресторан Мерак
  • Леон Маркет
  • Венаки
  • Вработени на МакПетрол бр.054
  • Power Petrol – Александар Михајлоски
  • Горсај – Кичево
  • ФОТО Зоран
  • Baby Shop „Born“
  • Sweet Sensation

Учесници:

  • Маскоти (Игротека Гнездо)
  • КУД Кочо Рацин / Нико Пусоски / Бисер
  • Лука и Марко Лазарески
  • Addicted бенд.
  • Група „Бели Мугри“
  • Fire Phoenix
  • Членови од група „Харизма“ и група „Престиж
  • DJ & Sound „Vix Alex“ – Zmija Осветлување
  • DN Sound (Даниел)
  • ООУ Христо Узунов (Другово)
  • ОУ Владимир Полежиноски (Кичево)
  • Дарко Стојаноски, Драган Вељаноски, Христијан Тришоски, Мирослав Мирчески, Христијан Трајаноски, Михајло Данилоски, Марко Јаковлески, Орце Богданоски, Марко Тодороски, Даниел Божиноски
  • Хор Митрополит Козма Пречистански
  • Црвен Крст – Кичево
  • Лоши (Рингишпил)

Личности и поединци кои ја препознаа нашата хумана мисија и дадоа свој придонес на најразлични начини, донации/помош на манифестацијата „Хуманитарен Божиќен Базар“

  • Јованка и Ристе Лазаровски
  • Таше Дејаноски
  • Милена Томеска
  • Наташа Пејоска
  • Наталиа & Слаѓан Ѓорески (HandMade by Natalia)
  • Јадранка Јандриоска
  • Слаѓана Дојчиновска
  • Николина Ѓорѓиоска (Игротека Гнездо)
  • Јована Сарафилоска
  • Матеа Николоска
  • Ангелина Милановска-Запатоска
  • Гордана Софронијоска
  • Саше Лазарески
  • Саше Стојкоски
  • Колибата на Лилјана (Лилјана Ѓорѓијоска)
  • Душогубчани 2022
  • Јулијана Јованоска
  • Југослав Василески (Југе)
  • Маркет Данчо – Другово
  • Бамбус Кафе
  • Аце од Охрид
  • Давор „Лав“ Костадиноски и Валентин Бежоски
  • Трајан
  • Стефи
  • Јулијана Костадиноска
  • Милена Филипоска

Неуморниот Тим на организатори и оператори за оваа година кои се директни виновници за манифестацијата која е најубавото нешто што му се случило на град Кичево последните години, лица со посебно хумана душа и авторитет:

  • Виктор Ангелкоски
  • Моника Дојчиноска Ангелкоска
  • Саше Стојкоски
  • Елена Дојчиноска Стојкоска
  • Давор Богданоски
  • Бобан Јаќимоски
  • Наташа Мирческа
  • Кристијан Јаќимоски
  • Јована Спасеновска
  • Никола Ангелкоски
  • Христина Смилеска
  • Даниел Веланоски
  • Татјана Станојевска Веланоски
  • Даниел Миловски
  • Симона Каранфилоска
  • Симеон Симјаноски
  • Љупче Јошеска

Благодарение на сите Вам оваа манифестација беше успешно реализирана. Вашата хуманост прикажана со вашето присуство, вашите донации преку најразличен начин во деновите отидоа онаму каде најмногу требаше, кај нашиот сограѓанин Дејан Огненоски, донирано и уплатено вкупно 493,150 денари за лекување на нашиот сограѓанин.

 

Во завршница, ве повикуваме на Хуманитарниот концерт закажан за сабота 8-ми февруари во НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево со почеток од 18:30ч со нашето присуство заеднички да допринесеме што повеќе финансиски средства да се соберат за Дејан, влезот ќе чини симболични 150 денари. Картите за концертот ќе бидат пуштени во продажба од утре петок (31 јануари) од 10:00 до 17:00ч во „Check In“ кафе до самиот концерт, додека истите можат да се резервираат на тел ☎️ 076/824-325 – бидејќи се во ограничен број.

Плакат, Хуманитарен Концерт за Дејан Огненоски

Плакат, Хуманитарен Концерт за Дејан Огненоски

Сите кои неможат да присуствуваат, апелираме својата хуманост да ја изразат со донација преку мобилен телефон (Т-Мобајл) со повик на бројот 143-138, секој повик чини 100 денари, (А1 оператор) во постапка..

Оние кои се во можност да донираат преку трансакциска сметка истото можат да го направат тука преку следните информации:

Т-ска сметка: 200002853684314

Име и презиме: Дејан Огненоски

Број на ЛК/Пасош: А0015074

Се гледаме уште поуспешни и побројни, Бог да ни дава на сите здравје, сила и бериќет!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за понеделник (3 февруари)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Здравје и убавина7 часа

Се борите во вишок килограми, оваа намирница во исхраната дефинитивно ќе ви помогне

Многу е важно во дневни активности да вклучите вежбање за да се ослободите од вишокот килограми, но во тоа може...

Мобилни уреди12 часа

Колку меморија е доволно за вашиот iPhone уред?

Се повеќе американски корисници купуваат модели на iPhone со почетна количина на меморија и претпочитаат да користат iCloud или други...

Кичево1 ден

Вчера вечер се случила тешка сообраќајна несреќа на влез во Кичево

Околу 21:30ч вчера вечер на магистралниот пат на влез во град Кичево во близина на градска пекара се случила тешка...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (2 февруари)

ОВЕН Неочекувани препреки ќе излезат неочекувано на вашиот пат. Но немојте да паничите. Тоа не е лоша среќа, само потсетување...

Спорт1 ден

(ВИДЕО) Омерагиќ и Христов со топло добредојде го пречекаа УЕФА консултантот за развој на млади фудбалери, Аљоша Асановиќ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов му посакаа добредојде во...

Временска прогноза2 дена

Од понеделник сув студ со доста ниски утрински температури – Ова се деталите

Во текот на следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник (3 февруари) па се до крајот на седмицата ќе бидеме...

Lifestyle2 дена

Научниците откриваат: Зошто не треба да јадете банани на празен стомак

Бананите се едно од најпопуларните и најдостапните овошја ширум светот, а нивната висока енергетска вредност ги прави омилени за спортистите...

Lifestyle2 дена

Познат готвач открива каде грешиме кога правиме пире од компири

Пирето од компири е омилен прилог во многу домаќинства, особено за јадења со месо и риба. Меѓутоа, иако изгледа лесно...

Магазин2 дена

Дали неправилно го полните телефонот? Ова се препораките на експертите

Мобилните уреди најчесто користат литиум-јонски батерии, што значи дека не секоја навика за полнење е добра за нивниот век на...

НАЈЧИТАНИ