Скопје
СВР Скопје изрече 197 казни, најмногу од нив биле за без возачка дозвола, како и за користење мобилен телефон при возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 18 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 14 санкции за возење повеќе од дозволеното.
Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, известуваат од МВР.
Скопје
Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево
На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А. (55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, за јавноста извести МВР преку својот билтен за медиуми.
Скопје
ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.
Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, предмалку информираше ЦУК за јавноста.
Скопје
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна МВР.
-
Кичево12 часа(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (30 ноември)
-
Спорт1 ден(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
-
Хороскоп3 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Македонија2 денаСпречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода три лица
-
Здравје и убавина1 ден„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно
-
Спорт1 денМакедонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
-
Македонија13 часаКај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
