Скопје
СВР Скопје изрече 197 казни, најмногу од нив биле за без возачка дозвола, како и за користење мобилен телефон при возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 18 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 14 санкции за возење повеќе од дозволеното.
Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, известуваат од МВР.
Скопје
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото

На 27.01.2023 во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, такси возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакнаа МВР во дневниот билтен за медиуми.
Скопје
Во текот на вчерашниот ден СВР Скопје изрече 123 мерки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, известуваат од МВР.
Скопје
Посебен сообраќаен режим во Скопје за утре и задутре

На 20 и 21 декември (вторник и среда) во посета на Република Македонија ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција.
Поради тоа, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, велат од МВР
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Lifestyle11 часа
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Автомобили1 ден
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Македонија1 ден
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина1 ден
Оваа намирница е една од најздравите во светот, таа го чисти организмот од отрови и масти..
-
Занимливости2 дена
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година
-
Мобилни уреди1 ден
Новото чудовиште од Samsung, серијата Galaxy S23 ќе го добие првиот модел на издржливо стакло „Gorilla Glass Victus“