Кичево
Вчера три лица жители на град Кичево пријавиле напад од кучиња скитници
На 25.03.2023 година, Ј.Ш.(42) и Ф.Ѓ.(34), двајцата од Кичево, во полициска станица пријавиле дека на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево, биле каснати од куче скитник. Истиот ден, В.М.(62) од Кичево, пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
Граѓаните уште еднаш апелираат проект планот и решението за стационар по брза постапка да се заврши и конечно да се решат проблемите со бездомните кучиња.
Извор: Стефан Димоски
Портпарол на СВР Охрид
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп20 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Македонија9 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија5 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Lifestyle1 денКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
На денешен ден1 денСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин1 денИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Магазин1 денWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
