Кичево
Вчера вечер се случила тешка сообраќајна несреќа на влез во Кичево

Околу 21:30ч вчера вечер на магистралниот пат на влез во град Кичево во близина на градска пекара се случила тешка сообраќајна несреќа каде учествувале две патнички моторни возила караван VW Passat и Ауди.
Според очевидци, се говори дека причинета е поголема материјална штета, односно возилата биле доста оштетени од силината на ударот.
Подетални информации околу здравјето на учесниците во возилата немаме, според неофицијални извори екипи на Медицински центар – Кичево интервенирале упатувајќи се кон клиниките во град Скопје.
Повеќе очекуваме во текот на утрешниот билтен на СВР Охрид.
Дополнување од дневниот билтен на СВР Охрид за несреќниот настан вчера:
– На 01.02.2025 година во 21.33 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека кај „Осломејшка раскрсница“ кај Кичево, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки што го управувала Е.А.(36) од кичевското село Зајас и „Ауди“ со охридски регистарски ознаки,управувано од А.Н.(39) од Охрид. Тој, како и сопатничката во второто возило Д.Р.Т.(66) од Охрид, се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени на Ургентниот центар во Скопје додека вториот сопатник во второто возило, С.Т.(65) од Охрид, се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Кај Е.А. која го управувала првото возило, во Општата болница во Кичево биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
Кичево
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.
– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.
Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.
Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.
– Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.
Кичево
(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ започнува зонско паркирање кое според постапката е започнато уште во 2015 година, тогаш со речиси завршени сите консултации со сите релевантни чинители кои се надлежни во оваа процедура дури сега се превземаат активности околу неговата конечна реализација.
Како што наведуваат од „ЈП Комуналец“ – Кичево, стартот со работа се очекува да биде овој понеделник, односно 16.06.2025 г, додека градското подрачје ќе биде поделено во три зони, „Зона А, Б и Ц“ (K11 до К34)
Според приказот објавен на претпријатието сите инструкции за наплата ќе бидат на самите таблички, а бројот за смс пораки ќе биде 144144.
Според информациите, наплатата ќе биде до 30 денари, односно 20 или 10 денари од час, од 07:00 до 22:00 часот
– Претходно кичевчани во јавноста беа со поделено мислење, некои од нив додаваа дека тоа е нов удар по нивниот џеб, некои пак се конечно задоволни што колку-толку ќе се реши сообраќајниот хаос во шпицот на сезоната во паркинг секторот.
Во секој случај, ваквиот пристап го има речиси во сите градови во Македонија и поголемиот дел од граѓаните веќе ги користат услугите на платен и обезбеден паркинг простор.
-
Македонија2 дена
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Магазин23 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин23 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Автомобили23 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Спорт11 часа
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
На денешен ден10 часа
Времеплов: На денешен ден – 25 јуни