Кичево
Вчера во атарот на село Зајас се запалила ниско стеблеста дабова шума и грмушки, апелираме за поголемо внимание!
На 09.04.2024 год во 15:55 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, е пријавено дека, во месноста „Нова населба“, атар на истото село, настанал пожар на површина на отворен простор од околу 3 хектари ниско стеблеста дабова шума и грмушки.
Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Инаку, порта.мк како и секоја година, така и оваа апелира до неодговорните и несовесни граѓани дека пролетта но и летото е погоден период за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетацијана, да не се фрлаат цигари и отпушоци од цигари и догорчиња.
Исто така посебно внимание и во разни култури по нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа, да внимаваат на шумите како добро од општ интерес и така што работите во шума да ги работат совесно и со особено внимание.
Со таквото внимание ќе си помогнеме и самите себе си, додека граѓаните како главен фактор соодветно да известуваат за рано спречување на пожари со дојава до надлежните институции.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
-
Кичево21 часВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево1 денФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (12 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Кичево14 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Кичево2 денаВо ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
-
Магазин2 денаГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
-
Lifestyle2 денаБез оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот



