Кичево
Вчера во Кичево, МВР реализира сообраќајно едукативна кампања „Безбедно возење трактори и земјоделски машини“

Вчера (31.10.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и од Полициската станица Кичево, на подрачјето на кичевските села Бигор Доленци, Карбуница и Староец ја реализираа сообраќајно едукативната кампања „Безбедно возење трактори и земјоделски машини“.
Целта на кампањата е низ непосредна комуникација со возачите на трактори со тракторски приколки и други работни приклучни земјоделски мобилни машини кои, во овој период ги користат земјоделците, да им се укаже на потребата од внимателно и совесно возење, како и строго почитување на сообраќајните знаци и другите сообраќајни правила и прописи со цел, зголемена сообраќајна безбедност.
На возачите им беа поделени летоци со едукативни практични совети за одговорно учество во сообраќајот, придржување кон поставените сообраќајните знаци, како предуслов за избегнување на сообраќајни незгоди, со казнените одредби при кршење на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, а им беа поделени и самолепливи флуоресцентни ленти и светла за означување на тракторите и земјоделските машини.
Кампањата се спроведува со поддршка на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.
Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.
Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏
Кичево
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу 9 часот
Висина: 155 см
Коса: кафена
Очи: кафени
Доколку имате било каква информација или сте ја виделе, веднаш јавете се на:
📞 072 304 091
🙏 Вашата помош е од огромна значење, истакнаа од МЗ Белица.
Кичево
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!

Од најдобрите и најкреативни програми, овој пат ви го претставуваме новото, кичевско „Наше театарче“ – магично место каде што вашите деца ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената! 🎭
👉 Уписите се во тек – резервирајте го вашето место, бројот е ограничен!
Нашата едукативна понуда опфаќа:
• 🎭 Наше театарче – драмска програма за деца
• 🇬🇧 Англиски јазик – за сите возрасти и нивоа
• 🇩🇪 Германски јазик – за сите нивоа и возрасти
• 🧒 Претшколска програма
• ✏️ Подготовка за првачиња
• 📖 Индивидуални часови по македонски јазик (пишување, читање)
• 🗣️ Логопедски, дефектолошки и психолошки услуги и советување
• 💻 IQUP STEM програми со програмирање
📌 Проверете ја нашата целосна програма и следете нè за повеќе новости!
Intellect Education
За повеќе инфо: ☎️ 071/777-939
/ПР
-
Кичево11 часа
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево8 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Кичево17 часа
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!