Следете не

Кичево

Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ

Објавено пред

на

Вчера на 19.03.2023 година во 20:30 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во зграда лоцирана на улицата „11 септември“ во Кичево, настанал пожар во кој, нема повредени лица.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Кичево

(ФОТО) Вчера официјално заврши дводневниот музички настан во Кичево, каде домашните музички имиња беа дел од одличните гала вечери!

Објавено пред

на

©porta.mk

Вчера и официјално се реализира и завршната гала концертна вечер во Кичево.  „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски & „The Twins“, Тоше Анѓелески, Распеани Кичевчани и Дарко Танески „Трубачко“ повторно ја разгорија сцената.

Упатуваме благодарност до сите посетители, да се надеваме дека традицијата ќе продолжи!

Мал дел фотогалерија преку објективот на Александар Тасески „Ace Records“

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Музичките имиња од Кичево го исполнија плоштадот до последно место, во првата музичка манифестација, вечерва финале од дводневниот спектакл „Кичевчани пеат за Кичево“

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес посетителите со своето присуство го потврдија она што почесто му треба на град Кичево, а со тоа испишаа историја и најавија дека даваат поддршка за ваков тип на музички манифестации за една нова традиција во очи на големиот семакедонски празник „Илинден

– Одличната атмосфера, пропратена со уште подобра организација, кичевските музички имиња ја исполнија душата на сите присутни кичевчани но и гости, во срцето на градот. Од најмладо до најстаро, до последен тон беа присутни и во еден глас ги пееја најголемите македонски хитови и се разбира хитовите на мега ѕвездата од нашите простори – Лозано, кој не дека е наш, дефинитивно го држи врвот на музичката сцена во Македонија и пошироко.

Ве повикуваме и вечерва со почеток од 20:00ч да присуствувате на втората гала вечер и заедно да ги пееме најголемите хитови заедно со „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски & „The Twins“, Тоше Анѓелески, Распеани Кичевчани и Дарко Танески „Трубачко“

Во прилог, ви презентираме фото-галерија преку нашиот објектив & објективот на нашиот соработник spixels, доколку сакате да превземете фотографија, направете го тоа ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!

Објавено пред

на

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север  и од северозапад, во текот на денешниот ден (четврток 31 јули) на повеќе места во Македонија, особено во јужните, југозападните, како и во источните предели ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално пак, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на повремен дожд со услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Апелирам, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, што значи дека ќе биде значително посвежо. Во Скопскиот регион максималната температура денес ќе се искачи до околу 29 степени.

Попоски за Порта.мк дополнително ексклузивно, изјави дека временската најава за дестабилизација на метео атмосферата ќе ја има, но во пресрет на вечерашниот концерт во кичевскиот регион од 20 часот па натаму, полека ќе се намалува нестабилноста и условите за врнежи ќе бидат помали, што значи нè очекува спектакуларен концерт!

Повелете, повеќе информации ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево58 минути

(ФОТО) Вчера официјално заврши дводневниот музички настан во Кичево, каде домашните музички имиња беа дел од одличните гала вечери!

Вчера и официјално се реализира и завршната гала концертна вечер во Кичево.  „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски,...

Македонија6 часа

Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице

На 01.08.2025 околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица...

Култура18 часа

122 години „Илинден“ – Честит именден на сите кои го носат името Илија, Илчо, Илинка, Илина, Иле…

Големиот македонски празник, 122 години „Илинден“ најмногу го асоцира македонскиот народ на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак,...

Хороскоп19 часа

Празничен Хороскоп (2 август)

ОВЕН Погледот кон вашиот паричник може да му донесе мрачно расположение на Овенот. Имавте планина од сметки да платите, а...

Мобилни уреди1 ден

Се чини дека 5000 mAh батерија на современите телефони не е доволна

Во минатото, паметните телефони со батерија од 5000 mAh се сметаа за уреди со солидна издржливост. Но денес, ова веќе...

Кичево2 дена

(ГАЛЕРИЈА) Музичките имиња од Кичево го исполнија плоштадот до последно место, во првата музичка манифестација, вечерва финале од дводневниот спектакл „Кичевчани пеат за Кичево“

Денес посетителите со своето присуство го потврдија она што почесто му треба на град Кичево, а со тоа испишаа историја...

Хороскоп2 дена

Месечен Хороскоп (август)

ОВЕН Размислете за промена на одредени критериуми и услови во договор со соработниците за да ја подобрите вашата деловна позиција....

Кичево2 дена

Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север  и од северозапад,...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за четврток (31 јули)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Кичево3 дена

(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите

Спречен поголем пожар на стрниште и сува трева во месност кај с.Трапчиндол кичевско. Истиот бил пријавен нешто по 17:00ч, каде...

НАЈЧИТАНИ