Кичево
Вчера во ОВР Кичево пријавена тепачка помеѓу малолетници, како и опожарено возило – интервенирала ТППЕ
Вчера на 21.02.2023 во ОВР Кичево било пријавено дека околу 17:00 часот на улица „Рудничка“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од кичевско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден час претходно во 16:00ч во ОВР Кичево било пријавено дека на ул. „Тренко Тасески“ во Кичево настанал пожар во патничко возило „фолксваген шаран“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на локалната самоуправа Кичево, а управувано од З.М.(41) од кичевското село Свињиште.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Кичево.
Увид извршиле полициски екипи.
За порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
Денес и официјално Д-р Александар Јовановски ја презеде градоначалничката функција и влезе во општинската зграда на град Кичево. Со свеченост и честитки беше пречекан од вработените, упатувајќи срдечни поздрави за успешен старт, многу здравје, среќа и бериќет во плодна работа.
Советниците ги зедова своите уверенија за четиригодишниот мандат, а примопредавање во една добра атмосфера му оддаде и досегашниот градоначалник Фатмир Дехари кој му посака успех во работата и многу здравје каде му врачи еден скромен поклон – четири слики во една од град Кичево, изгравиран со честитка за успешна работа.
– Верувам дека со заедничка работа, искрен дијалог и посветеност ќе создадеме поубав, поправеден и поуспешен град за сите нас и за идните генерации. Нека е аирлија, да продолжиме напред заедно, за мене како што знаете поделбите не постојат, она по што ќе се водиме е достоинствен живот за сите – истакна Јовановски на социјаните мрежи.
Посакуваме среќен почеток и успешна работа!
Кичево
Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30 часот, во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе се одржи третото издание на најгласниот градски настан, фестивалот кој ја пренесува најдобрата рок енергија.
На сцената ќе настапат некои од најдобрите локални и регионални бендови:
⚡ Phoenix
⚡ Addicted
⚡ Future Band
⚡ Sound Division
⚡ Plum
⚡ Hush
Секој од нив ќе ја крене енергијата до максимум и ќе го потсети публиката зошто рокот никогаш не излегува од мода.
Настанот има и хуманитарен карактер, имено сите собрани средства ќе бидат наменети за континуирано реновирање на просториите на „Енигма“, култното место каде што се создава и негува автентичниот кичевски рок звук.
Влез: 200 денари
📍 Локација: Фоаје на Дом на култура „Кочо Рацин“ – Кичево
Датум: 15 ноември, 19:30 часот
Бидете дел и заеднички да ја почувствуваме моќта на локалната рок сцена и да бидете дел од нешто што расте од година во година, потврдете го вашето присуство преку фејсбук настанот ТУКА
Кичево
Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен двор, сопственост на Н.Р. од Кичево.
Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од сопственикот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Спорт2 денаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Кичево3 часа(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (9 ноември)
-
Кичево24 часаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
Хороскоп19 часаХороскоп за понеделник (10 ноември)
-
Здравје и убавина24 часаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок

