Кичево
Вечерва не се дише, во Кичево и Тетово брутално загаден воздух

Мерните инструменти за квалитет на воздухот вечерва покажаа дека во Кичево е многу загадено. Концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките според последните мерења се искачи на 200 микрограми на еден кубен метар воздух (50 микрограми е граничната вредност).
Екстремни нивоа на загадување се бележат речиси сите македонски градови, а бројките идентично најлоши се токму во Кичево и Тетово, додека вкупниот AQI индекс на загадување вечерва изнесуваше 247, што е фрапантна вредност.
Повеќе информации ќе дознаете на следниот линк ТУКА
Инаку Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска објави податоци според кои воздухот е категоризиран како екстремно лош (сиромашен) на мерните станици во Берово, Тетово и Гостивар, а многу лош во Ѓорче Петров, поради концентрацијата на ПМ 2,5 честички.
ИЈЗ, повикувајќи се на европскиот Индекс за квалитет на воздух на Европската агенција за животна средина, во категоријата „многу лош“ ги смести Струмица, Битола и Кичево, но таму поради зголемени концентрации на ПМ 10 честички.
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника13 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот