Култура
Во недела бидете дел од големиот „Велигденски концерт“ во Кичево
Радоста на Воскресението засветли во нашите срца „Радоста од висините“, „спасителната радост“ се јави. Од празниот Гроб во Ерусалим ни доаѓа утеха и надеж! Торжествува сега целата земја, огреана од животворните зраци на Христовата победа и секое срце го слави Христа Воскреснатиот!
Така и ние, поттикнати од таинствената светлина на невечерниот ден посакавме радосно да го прославиме Животот, и да му запееме на Оној Кој Воскресна од мртвите и ја победи смртта, а со тоа ни подари живот вечен.
По тој повод, исполнети со неовоземно веселие и пасхални восклици, би сакале и сите Вие да земете учество во нашето славје, и сите да ја прославиме победата над смртта, радосно пеејќи: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!
- Бидете дел на големиот „Велигденски концерт“ кој ќе се одржи во недела на 30.04.2023 во Центарот за култура „Кочо Рацин“ со почеток од 12:00 часот
Свое учество ќе земат, неповторливите:
„Зарина Првасевда“
„Чалгии Мерак“
Хор „Митрополит Козма Пречистански“
Од организаторите
Култура
Викарниот Епископ на ДКЕ – Партениј, отслужи Заупокоена Света Литургија во чест на блаженоупокоениот г. Тимотеј
Во духот на длабоката почит и љубов кон својот архипастир, викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Преосвештениот г. Партениј, отслужи Заупокоена Света Литургија во чест на блаженоупокоениот митрополит г. Тимотеј. Литургијата се одржа во храмот „Св. Климент Охридски“ на Плаошник, Охрид, соборувајќи бројни свештенослужители, монаштво и верен народ, кои се собраа да го испратат својот сакан архијереј со молитви за неговиот вечен покој.
Викарниот епископ г. Партениј, кој со години служејќи во рамките на Дебарско-кичевската епархија беше духовно и пастирски поврзан со митрополитот Тимотеј, го предводеше богослужението заедно со архимандрити, свештеници и ѓакони од епархијата. Чесните мошти на митрополитот Тимотеј беа изложени во центарот на храмот, каде што верниците изразија својата почит и благодарност за животот и делото на својот архипастир.
Дебарско-кичевската епархија, како дел од која се наоѓаат многу цркви и манастири, беше под духовната грижа на митрополитот Тимотеј, чиј архипастирски труд овозможи не само обновување, туку и силен духовен раст на монаштвото и свештенството. Викарниот епископ г. Партениј, како негов најблизок соработник, со посебна љубов и послушание ги следеше пастирските начела на својот архиереј, сведочејќи за единството и посветеноста во служењето на Црквата, а во текот на службата ја истакна големината на љубовта и пожртвуваноста на митрополитот Тимотеј, кој со своите благословени раце замонаши и ракоположи многу од сегашните монаси, јероѓакони, свештеници, јеромонаси и архимандрити.
Оваа заедничка грижа и духовно раководство во епархијата продолжуваат да бидат сведоштво за длабокото наследство што митрополитот Тимотеј го остави зад себе. Народот, свештенството и монаштвото на Дебарско-кичевската епархија се соединуваат во молитвата и надежта дека Бог ќе го прими својот верен слуга во вечната радост на Небесното Царство.
Светиот архијерејски синод на МПЦ–ОА одреди датумот за погребението на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе се одржат во четврток, на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, под началство на Архиепископот г.г. Стефан и надлежните архијереи.
Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир, каде што ќе почиваат моштите на саканиот архиереј.
Царство небесно и вечен спомен на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј!
Галерија од настанот – ТУКА
Култура
Утре во храмот на Св. Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија во чест на Митрополитот Тимотеј, со надеж на воскресение и светло блаженство
Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден.
Вечен ти спомен, достојнопочитуван и секогаш споменуван наш сакан архипастиру!
Култура
Свештената Бигорската Обител го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил
Благословеното пристаниште на небесната радост, Свештената Бигорската Обител, во изминатото ноќеденство со особена радост и чест го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил. Возвишеното богослужение нè повикуваше да го насочиме својот живот кон божествениот поредок, следејќи ја љубовта и послушанието на небесните сили кои непрестајно Го славословат и воспеваат Бога.
Изминатата ноќ, под осветените сводови на Претечевиот храм, осветлени со тивката светлина на многубројните свеќи и кандила, Бигорски и неговите населници беа потонати во молитвено бдение. Во блесокот на молитвите и на песнопенијата, притекнатите верници го чувствуваа присуството на небесните заштитници. Тоа беше духовна претстава на бескрајната небесна Литургија, каде што Земјата и Небото стануваат еден простор.
Утрово, пак, на Светата архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот возљубен Старец, Преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, тоа сијание заблеска уште посилно. Под неговото тајноводство, сите собрани се почувствуваа како дел од хорските чинови на Светите Ангели. Како што ангелите служеа пред престолот Божји, така и ние, собрани во љубовта Христова, ја принесовме бескрвната жртва на благодарност и славословие.
Навистина, Божествената Евхаристија беше едно благодатно соединување со светот на Светите Ангели.
Денешниот празник ни дава можност повторно да се вратиме на суштината на нашиот живот – да се соединиме со Бога и да учиме од Ангелите како да го чуваме својот дух чист и незлоблив. Оти, небесното царство не е далечно, туку е реалност што постои во нашето срце, кога тоа се отвора за љубовта Христова.
Нека Светиот Архистратиг Михаил и сите небесни сили ни бидат застапници и чувари на нашиот пат кон соединувањето со Бога, истакнаа од Бигорскиот Манастир.
Во продолжение повеќе фотографии од настанот ќе најдете ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (2 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Влажната концентрација продолжува во нашиот регион, до утрово најмногу дожд наврна во Демир Капија дури 127л на метар квадратен
-
Македонија1 ден
Сообраќајот кон Охрид, Кичево се одвива редовно и нормално по влажни коловози
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за вторник (3 декември)
-
Кичево4 часа
Во сабота е првата проба на најмилите дечиња за кичевската „Бадникова поворка 2025“, нека биде до сега најголема, а сите дечиња гласно да го опеат Христовото Рождество!
-
Временска прогноза5 часа
Долгорочна временска анализа: Месец декември ни носи чести врнежи од снег и дожд, а ќе биде постудено од ланска година!
-
Автомобили1 ден
Претставен првиот квантен мотор без фосилни горива
-
Спорт8 часа
Комисијата за натпревари одлучи следните две кола да се одиграат без публика