Спорт
Велс спаси жива глава во Скопје, реми на вечерашниот дуел против Македонија во второто коло од квалификациите за СП2026
Фудбалот е повеќе од игра. Вечерашниот меч Македонија против Велс заврши без победник. Бојан Миовски ни донесе водство во 91-та минута, за на крај во финишот на мечот, речиси во последната секунда – Дејвид Брукс да ја замолкне среќата и да израмни на 1:1.
Прес конференција:

Крек Белами:
Може да испадне дека ова беше драгоцен поен на крај, спрема играта мислам 3 поени ќе беа повеќе од доволно, но ова е меѓународен фудбал имавме претходно добри резултати, последните минути не сакав воопшто да гледам во семафорот.

Благоја Милевски:
– Неможам да не бидам задоволен имавме сериозен противник, се работи за играчи кои се во премиер лига, .. како тим, видовте и самите дека противникот е агресивен на највисоко ниво, но од друга страна нашите фудбалери покажаа од собир во собир дека напредуваат..
– Мислам дека уште од некој фактор плус ни фали за да бидеме над топ репрезентации. Мораме да останеме фокусирани до крај, жалиме за 2 бода но најреално е реми.
– Кога ке се земат сите околности од самиот почеток неможам а да не бидам презадоволен од односот од реакцијата на фудбалерите и од карактерот нивни, како личности и како фудбалери на терен, така да, немам ни најмала замерка за било кој од фудбалерите. 4 бодови мислам дека да ни ги понудеше некој пред ќе бевме задоволни но остана горчината за начинот кој не зедовме уште 2, за медиумите заврши Милевски
Инаку, македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви во несреќата во Кочани запирајќи ја играта, а тоа публиката го аплаудираше на натпреварот со Велс точно во 59-тата минута.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
-
Кичево2 денаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Спорт1 денКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (9 ноември)
-
Кичево7 часаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
Хороскоп3 часаХороскоп за понеделник (10 ноември)
-
Здравје и убавина8 часаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
