Кичево
„Веном Компјутери“, 15 години на кичевскиот пазар, ваш најдобар избор за видео надзор, алармен систем и компјутерска галантерија

Светско а наше, 15 години на кичевскиот пазар „Веном Компјутери“ вашиот најдобар избор! Од 2007 год коректна фирма со многу благодарници, признанија од своите клиенти за докажаниот професионализам и квалитет.
„Веном Компјутери“ за вашите потреби нудат компјутерска галантерија, составување конфигурации по ваш избор, поправка на секаков вид desktop/laptop компјутери, инсталација на оперативен и апликативен систем, сервис и продажба на мобилни телефони и додатоци.
Но во време на поголема безбедност во вашите бизнис и деловни простории, сопствени куќи или станови „Веном Компјутери“ се познати по својата професионална монтажа на видео надзор & алармен систем од познати светски брендови, „Dahua“, „Paradox“, „Ajax“ – како и нивно одржување и сервис.
Секако на располагање ги имаат и најбараните„WiFi FullHD“ видео камери кои во зависност од вашите желби и потреби се за внатрешна и надворешна употреба, со квалитетна HD слика и инфраред осветлување за ноќно гледање, со можност за следење во живо и прегледување на снимките преку мобилен телефон или компјутер.
Продавницата се наоѓа на старото добро место во центарот на град Кичево на ул. „Амит Чолопечанец“ бр. 13, додека официјален контакт може да направите преку нивната фејсбук страница или ☎️ тел бр. 078/845-772
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот